Го има ли некој пробано шампонов за осветлување на косата и неутрализирање на жолтило? Или ако знаете некој друг шампон со ваква намена да ми препорачате
Дали некоја го користи шампонот од првата слика? Кај нас го немам забележано, па можеби тие што живеат надвор од државата го имаат пробано. Исто така ме интересира и за овие шампони. Мислам дека ги имам видено во dm и беа некаде околу 400 денари. Дали ги користи некоја и дали ви се допаѓаат?
Леле те молам кажи ми кои шампони ти ја правеа косата како грмушка Јас имам права коса но во последно време толку ми е спласната и безживотна, немам воопшто волумен. Порано имав многу густа и бујна коса но откако се истрижав долг боб ми е катастрофа.. Најчесто земам од шампоните наменети за тенка коса без волумен мислејќи дека ќе ми ја збувнат но залудно
Со речиси сите шампони кои сум ги користела ми се појавувал ваков проблем и потоа не можам да ја скротам косата. Имам остро влакно и природно волуменозна коса, затоа најверојатно ми се случува тоа. Многу шампони сменив, веќе не се ни сеќавам што сè сум користела, последен лош шампон ми беше Лореал Елсив арганин резист мислам. И со него го имав истиот проблем. И Нивеа имаа шампон за волумен од таа колекција која ја наведов, мислам дека имаше мало жолто цвеќе на амбалажата, но не се сеќавам на точниот назив, многу одамна го користев. Штом сакаш повеќе волумен, барај шампон со ознака за волуменозна коса. Шампоните за тенка коса мене многу ми ја мастат косата, а и јас имам тенко влакно, но острината и крутоста веројатно си го прават своето.
Како сте задоволни од Биобласт шампоните? Земав денес еден за брзо растење на мрзлива коса. Косата ми е плава и споро ми расте врвовите ги третирам со капки и спрееви меѓутоа сакам да чујам искуства. Благодарам.
Мајка ми го користи, супер е , многу е задоволна , пробај нема да згрешиш. Освен шампонот и регенератор има, во комбинација се топ.
Ги имам пробано скоро сите шампони , моментално сум застаната на Gliss , користам и шампон и регенератор и маска .Тешко можам да кажам дека сум задоволна од било кој шампон ,маска или регенератор пошто имам мрсна коса и тешко се справувам со неа.Ако имате некој предлог за мрсна коса што ви е пробан,би ви била благодарна да го споделите со мене
Jас го имав овој розовиов, само во Рамстор го имам видено, околу 240ден-400мл. Убав е, навистина многу убаво ја измива косата. Убаво и долго мириса (иако мене мирисот не ми е нешто најпосебен), после тоа косата лесно се обликува, па дури и без регенератор е многу мека и убава. Она што мене не ми се допадна е дека не е за коса која брзо се мрси (како и повеќето шампони за жал, премногу брзо ја мрсат косата). Ама сега сакам да го земам зелениот (тој е баш за мрсна коса) па ќе видам ефект. Јас многу го сакам овој регенератор, лесно се нанесува, не ја мрси косата како силиконски капки, дава многу сјај и прекрасен мирис. Иако е поскап долго трае (се става многу по малку). Моментално е на намаление во Тинекс. И има повеќе видови, преку 6, за најразлични типови коса (само ги нема сите кај нас). Се сложувам дека во рекламите е префорсиран (како и се во Пантен воопшто, бидејќи ги имаат едни од најубавите реклами, а во реалност не е така).
Зошто било кој регенератор да го ставам не ми врши никаква работа?! А ставам а не ставам, исто. Шампонот на Палмолив го користам, и ми се покажа како одличен досега.
Препорачајте ми некој така природен шампон. Имам користено Глис и Лореал Елсеве. Глисот го користев долго време, почна првут да ми се појавува, потоа се префрлив на другиов ама сеуште имам првут. Сега сакам да сменам со нешто поприродно, да ја одморам малку косава.
Head and shoulders со ментол или лимон земи.Добри се и за првут и за мрсна коса. @blonde_supergirl пробај го од Кам тој.Со розево капаче.За расчешлување ти треба или?Не знам каква улога ти треба од кондиционерот.
Си ги избрала најнеприродните. Обиди се со литарските од афродита. Ако имаш првут секој непроѕирен би ти одговарал. Оној со лук би требало да биде добар.
@Feminka22 јаки ми се тие. Ми се исфрла кожата од нив @OmniaVanitas ти благодарам. А тие на Алверде сте ги пробале ли? Мислам сум читала за нив дека биле добри?
Luminary додека сум на темава зошто сега се сетив, можеш да се обидеш и со Orzene. И тие се добри. А и речиси секој бебешки шампон би требало да биде добар.