Користи спреј за коса и масло за коса (по нејзината дожина, не на коренот). Би требало да реши проблем. Да напоменам дека се и жампони со пивски квасец и имаат малку различен мирис, но сепак пријатен (барем мене). Пред да купиш можеш да помирисаш дали би ти одговарал. За цена не знам точно, но се околу 150-170ден. Повеќе не би требало да бидат, може само помалку. Пред некое време ги имаше и на акција заедно со регенератор. Ги има во продавници, маркети, дрогерии
Девојки прочитав по темиве дека најдобро е да се користат шампони без боја, т.е. проѕирни. Ќе ми објасни некоја зошто?
Од шампоните Палмоливе, и користам субрина онаа жолтата (прекрасно мириса и добро ми ја прави косата).
Ми треба ваше мислење околу два шампони..Шаума или Палмолив, Некој што повеке ќе ми ја прави сјајна косата фала многу.
Палмолив никако скалпот ке ти го изгори подалеку од тој шамон. Шаума е убава и прави убав сјај али мене првут ми правеше
Шампонот го има во сите маркети. Јас најчесто го купувам од Тинекс. Има помало и поголемо пакување. Сега побрзо не сум го користела, ама по сеќавање е околу 150 денари.
Благодарам, веќе го купив од Тинекс, и сега за сега сум задоволна. Долго време користев јаки шампони, се надевам овој ќе има добар ефект врз косава.
Си прочитала од мене, но се си разбрала како што треба со оглед на тоа дека беше напишано и во посебна тема за мрсна коса. Не е најдобро да се користат такви шапони туку тие најчесто оставаат впечаток дека се подобри за оние со мрсна коса (за да не биде толку мрсна).
Дали до сега си користела шампони со силикони? Те прашувам за да знам што да ти препорачам за мрсна коса. Поздрав. п.с. малку доцна пишувам ама сега видов а моеби и сепак си во потрага по некој нов шампон...
Дааа баш сега планирав да зимам друг шампон користев од коприва ама премн ми ја суши и се разлетува косата инаку немам користено со силикони
Супер, видиш телепатија...јас најискрено би ти препорачала шампон за нормална коса, затоа што обично оние за масна се малку поагресивни. Кажи ми на Алверде дали имаш пробано некој?
Не не сум пробала ама сакам некој што нема да ми ја разлетува и без волумен и да е за мојот тип на коса
Првиот има за нијанса поголема измивачка моќ. Пишува од нормална до масна коса, мора да каам дека го немам пробано. Според формулата не е агресивен, меѓутоа е убаво измивачка формула. Оној со кофеин го имам лично пробано дава благ волумен (барем кај мене) но одлично измива косата ми беше чиста до 4 дена. Може да го пробаш и овој. Мене ми ја остава косата чиста и дава измазнувачки ефект врз косата ја исправува на некој начин. Не е за масна коса за нормална може, ама убаво измива. Доколку сакаш пробај го. Потоа овој на лореал со аргинин исто така има убава измивачка моќ пази само да пишува без силикони од страната (пд лева страна кај што вели но силиконе) оти има и еден со силикони. За недела дена ќе направам рецензија на една друга марка на шампони, па доколку сакаш да почекаш да видиш ок, ако не кој и да одбереш од овие е ок, Како ќе ти одговара е индивидуално, меѓутоа додека не пробаш нема да знаеш. Поздрав. п.с. нешто ми вели дека оној првиот на алверде може најдобро да ти одговара...
Мојата коса е нијансирана и многу брзо се масти (издржува само еден ден, вториот веќе е катастрофа без никаков волумен), заради тоа неможам да користам шампони за нијансирана и бланширана зашто тогаш ни ден не издржува. Од друга страна, пак кога користам шампон за мрсна коса, ем што не помагаат да издржи косата повеќе од еден ден, туку и надоле ми е како метла. Моментално го користам шампонот Elseve за мрсен корен и суви врвови, дури и маската со глина исто Elseve ја користам пред миење ама џабе, ми се створи првут само, пак ми се масти исто, и надоле кај бланшираното после миење ми е сува. Ако може да ми предложите шампон и регенератор или некои други продукти за коса што ќе ми го средат колку толку проблемот со косата. Знам дека бланширана коса неможе да биде многу здрава, но сепак да не изгледа толку оштетено, а воедно да ми стои барем два дена чиста и со волумен.