Види во Еликсир или прашај на бројов на Лореал Македонија https://www.facebook.com/pg/LOréal-Professionnel-Macedonia-373297253001848/about/?ref=page_internal
Косата ми е осветлена со спрејот на Балеа more blond, али со тек на време ми пожолте уште повеќе. Би ми помогнал ли некој шампон или маска да се изгуби жолтото барем малце?
Шампонот за коса е 500 мл - 300 денари, а маската за коса е 300 мл - 290 денари. Има повеќе видови на шампонот Oma Gertrude: за фарбана коса, за сува и оштетена коса, за тенка коса и.т.н. Презадоволна сум од шампонот Видов дека Oma Gertrude имаат и кремови за раце, кремови за тело, гелови за туширање и.т.н. ама ги немам уште пробано. Отвори на фб страната на Institute Organica таму подетално пишува за производите Oma Gertrude П.С. ги имаш во Космо и во Супер Тинекс
Јас го користам овој шампон повремено и овој регенератор. Шампонот е за плавуши и служи за да се обелат жолтите прамени што се појавуваат со тек на време после фарбањето. Инаку да ми препорачате добар шампон? Често ми се мрси косата...
Фала ти многу. Те прочитав неодамна во темата за декларации, а ја прочитав и статијата на @Biodevojka, па ме интересираше која е цената. Многу пријатно ме изненади во однос на количината. Алверде ми е при крај, наскоро ќе си одберам некој па ќе пишам низ темиве. Најверојатно изборот ќе падне на овој за тенка коса. Најмногу ми фаќа око.
Јас моментално го тестирам кремот за тело со хидратантно дејство со мед. Го тестирам и гелот за туширање. Ќе напишам статија следната недела. Кремот е фантастичен!!!
Nivea шампоните содржат ли силикони? Јас користам од коприва за растење ама многу ми ја плетка косата.Тон регенератор мора да ставам за да можам да се исчешлам како човек.
Јас не го користам но мајка ми го користи зелениот мицеларен шампон и забележа дека ја регулира маснотијата но од друга страна останатиот дел и го исуши премногу.
Го има во Космо, а мислам дека би требало да го имаат и во Тинекс. Ома Гертруде се вика шампонов, вака од неколку користења ми се гледа супер па да видиме. Цената му е одлична како за производ со фин состав - околу 300 денари за 500мл.