Здраво драга првиот мора да е алверде, според формулата е нивни гарант!!! Убав е нема збор. Балзамот не знам чив е, не е 100% природен ама не ми изгледа лош. Нема силикони. Не можам убаво да видам, на почетокот и крајот зборовите не се гледаат. Поздрав.
Шампонот е тој со кокос? Пиши по некое време како ќе се покаже, многу сакам кокос и се мислев дали да го купам, ама не ми се ризикуваше.
@CameliaMiller ќе ти одговорам тука бидејќи е во соодветната тема. Моментално го користам шампонот на Oma Gertrude. Многу лесен, благ, природен шампон. Јас сум задоволна. Исто така можеш да го земеш на Гарниер Ultra Doux со 5 билки, јас не сум го користела до сега но има добра формула и не е воопшто скап па можеш да го пробаш. Исто така шампоните на Алверде, не сум ги пробала ни тие, но сигурно се добри, само треба да го најдеш тој што одговара за твојот тип на коса. @kikkki
Многу лошо, полн со нафтени деривати. Целата линија е со лош состав и не би купила ништо од нив. Жити дизајнот што им вреди, составот 0. За таа цена поготово пак (~300 мкд), може да се најдат далеку подобри средтва за коса. Јас се изненадив од некој нов шампон на Гарние, без силикони, без нафтени деривати, без глупости. Не е природен, но составот е во ред, барем колку што видов. На акција беше во ДМ, па го земав за промена. Ми се засити косата од Алверде.
Веќе ти одговорија драга. Мене воопшто не ми се допаѓа, не само нафтени деривати од сите бројки ПЕГ, туку и силикон. Многу е хемиски составот. Убаво ти вели Мишела. Да ти кажам овој и во Италија го гледав, ама не го земав затоа што следна недела ми стигнува цела нарачка на состојки помеѓу кои и сурфактанти па се фрлам на работа - производство на гелови за миење на лице и шампони за сува и масна коса...едвај чекам!!!
Јас искрено отидов да го земам оној на Алверде со кокос. Многу сакам кокос и сакав да го пробам да сменам малку, зашто косата ептен ми се засити од Алверде со био-ехинацеа и морам да сменам. Мислам дека потрошив преку 5 шишиња од него. Случајно ја приметив оваа колекција од Гарние, веројатно е нова и беше на акција. Има некоја leave in крема со пумпица (има ПЕГ во составот), регенератор и шампон. Регенератори не користам, а шампонот морав да го земам, обожавам алое вера. Вака од прво користење е супер, штом не ми е разлетана косата и немам црвенила после фенирање, ќе го биде.
Здраво драга, на Биокап тој против опагање (според мене и за масен корен е одличен), потоа алверде со кафеин е одличен, Ома Гертуде имаше еден многу убав за масна коса. Инаку спас ти е маска со зелена глина мед и вода 20 мин. пред миење на косата. Поздрав.
Мн ти благодарам што одвои време и ми врати. Само ако не ти е проблем да ми ставиш слика од тој од Биокап, а маската обавезно ќе ја пробам. Поздрав
Од мене препорака за овој шампон од Лореал со 3 видови глина. Исто и новиот Гарние фруктис зелениот со алое е одличен, мене ми се погоди.