@Mishela moze da postavis fotografija od samponot na garnier? Dali e za masna kosa? I ovoj na loreal dobar e za masna kosa?Go imam koristeno ali onaka go zemav ne neso za mrsen koren pa neznam dali bese dobar
Имав ставено слика од него на претходната страница. Вака изгледа. Пишува дека е за нормална коса, мене ми се допаѓа како мириса и го зедов поради убавиот состав. На мојата коса (масни корени - суви врвови) одговара одлично. Според мене, ок се и двата за масен корен и не ги сушат врвовите. И двата ми се допаѓаат. Не дека прават чуда, косата ми се масти како и обично на 3 дена, ама за тие пари и за количината, супер се. Пробај па ќе видиш кој како ти одговара, Гарние е на акија во ДМ, а овој другиов од Лореал не сум сигурна. Малото шише (250мл) Лореал е околу 160-180 денари.
Јас го користев овој шампон пред година дена (кога и ги воведоа во продажба) и навистина е одличен. Нема силикони и останати штетни состојки (браво за Гарниер ) овој е за масна коса , и навистина косата не ми ја мастеше , не продолжив да го користам бидејќи на мојава коса и треба плус волумен а шампонов баш и не ми помогна многу во врска со ова. Сепак која сака да го проба со мрсна коса , да го проба , мене ми помогна
Јас го користам овој. Го прочитав по форумов дека бил со добри состојки. Пишува дека е за нормална коса а јас имам мрсна, но ми се допаѓа убаво ја измива.
Прв пат го земам бидејќи ми го препорачаа дека бил добар против првут. Претходно ги користев шампоните на Лореал и супер ми беше косата. Не ми се мрсеше за брзо време и имав волумен.
Одамна се мислев да го купам шампонов. Пазарував нешто во ДМ и видов дека има мостри од него. Решив да земам една. И се покажа како доста ефикасен. Првутот ми го отстранува. Се мислам да го користам понатака.
Ставам маска. Ама и без неа косава ми е ок. Сигурно зависи до типот на косата. Задоволна сум од тој шампон, од Глис и од Гарниер фруктис. Другите ми создаваа првут. Особено Wash&Go.
Ептен изненадена сум и oд регенераторот од истата линија на Гарние. Прекрасно мириса, мислам дека ова е колекција со наjубав мирис која сум ја користела изминатиов период. Околу 130 денари е во ДМ, мислам на некоја акција. Регенератор немав користено со години можеби, ми се потроши путерот од Алверде, па сакајќи да сменам го зедов овој, да ми одговара со шампонот. : ))))) Од прво користење и не може да се каже многу, но штом врвовите изгледаат убаво и не се познава дека се суви (за шишање сум ептен), значи дека нема да е воопшто лош. Нема силикони, нема парабени, нема никакви нафтени деривати. Гарние позитивно изненадуваат со новите колекции за коса и лице. Препорака од мене за шампонот и регенераторот, кремата за коса има нафтени деривати.
Јас дојдов да го пофалам овој шампон од Биоблас. Имав првут и опаѓање на косата па решив да го земам од аптека околу 200 ден. Има густа структура , преубав мирис , прави многу пена . Кога шампонирате осеќате некое ладење , јас уште на второто миење имав ефект првутот го снема и опаѓањето се намалува. Супер шампон сега планирам да земам за бавно растење
Некој бараше мислење за шампонот на Алверде од кокос. Чинам @Mishela беше. Да напоменам пред него користев шампон кој не е на природна база па така да ова што ќе го пишам сега се зависи од вашата коса. Јас се фарбам, имам густа коса. На коренот ми се мрси, а на врвовите ми е сува. Проблем со кој се соочувам е бел првот кој чеша. Првото миење немаше некој ефект, побрзо ми се мрснеше од вообичаено, сува и крута на допир. Ми се појави бел перут. Второто миење исто немаше некој ефект, не ми се мрснеше толку ама пак ми беше сува и крута на допир, перутот исчезна. Третото миење забележав резултат немав мрснотија не е крута, нема перут ама многу ми беше сува. Пресува значи. Четвртото миење исто така ко третото само немав толку сувост. Дали би го купила пак, искрено НЕ. Не ми остави впечаток некако ама штом го потрошам ќе се вратам на мојот шампон од Kallos.
За жал го немам користено, не би знаела што да ти кажам. Почекај некоја од девојките која го користела. Позз
И јас не сум задоволна од шампоните на Алверде, ја прават косата крута уште на самото миење, тешко се расчешлува..но, за разлика од шампоните маските за коса им се и повеќе од одлични. Доколку немаш пробано во некоја прилка пробај шампон на Балеа, доста солидни шампони имаат. За оние кои сакаат да го избегнат PEG како штетна состојка што ја има во повеќето шампони на Балеа, би го препорачала шампонот наменет за секојдневна употреба, добив и од Биодевојка зелено светло за составот. Поздрав
Kalos пред недела-две видов во Тинекс кај Драмски тратар во Карпош. Само маските и шампоните не им се едни до други, па провери добро или прашал од вработените.