Јас го користам веќе неколку месеци и сум презадоволна.Хидратантен е а не ја масти косата и приметив дека не ми паѓа толку со него.Го користам со регенетаторот од истата линија. Инаку претходно пробував и елсев и пантен но ми беа многу агресивни на кожата на главата. Препорачувам!
Почнав да го користам жолтиот шампон на Alverde (Nutri-care) и првото миење беше се океј а следните две катастрофа. На второто миење едвај ја исчешлав косата а по 2 дена почна главата многу да ме чеша, вчера пак ја миев косата и денес мислам дека ќе си ја откорнам главата од што чеша.. дали треба да менувам шампон или ова е нормално? Прв пат користам шампон на природна база.
Нормално е, косата и скалпот стануваат посуви затоа што се чистат од наталожените силикони од претходно. Ќе се стабилизира по некое време и ќе биде како претходно. Задолжително употребувај маска или регенератор на врвовите, а практикувај и третмани со масла на скалпот барем еднаш неделно. Можеш да користиш кокосово масло, природно по можност.
@Hellobeautiful, јас би ти рекла да го баталиш шампонот, не е нормална реакцијата. И јас лани терав неколку месеци со шампони без силикони, и во ниеден момент не доживеав непријатност, туку напротив- се смири иритацијата, не се исфрлав... Нешто не ти одговара од тој шампон, уште денес препери ја главата со друг за кој знаеш дека добро го поднесуваш.
И јас последните 2 месеца користам шампон на Алверде (од авокадо). Во почетокот ситуацијата баш беше спротивна, како што вика @Nausicaa, кожата се смири, од другите шампони што ги користев имав првут, а од прво негово користење го снема и не го чувствував сув скалпот, никаква иритација, исфрлање. Пробај 3та среќа со шампонот, ако не во канта
Мене ситуацијата многу ми се влоши кога преминав на органски шампони, а пред тоа извесно време ја имав третитано косата со шампон без силикони и деривати колку за да се исчисти камуфлажата. Косата ми беше дехидрирана и имав многу првут кога преминав на Алверде. Ситуацијата се смири сама од себе и денес немам ни трошка првут, така да не знам зошто ова не би било нормално. Ако и смета нека смени, можеби треба да проба со друг шампон од линијата, јас го споделив моето искуство кое беше слично. Плус факт е дека за коса која претходно била третирана со стандардни средства, потребно е постепено да се менува козметика. Шок за влакното и за скалпот е наеднаш да се исфрлат сите тие состојки кои досега го камуфлирале влакното.
Дејзи како ти е ситуацијата со првутот и чешањето на скалпот со употребата на овој шампон?..Јас дефинитивно полудувам..Моментално сум со кокосово масло намачкана т.е преспав со масло на главата но ништо не помага..(Сајос,H&S,Реконазол/Кетоназол,Рецепт ...ништо не ми помага имам силно чешање и многу бел првут како снег..) Бетасалик лосион, Ламисил крем кортико ставам и нема подобрување. Инаку ДМ нема во нашиот град па ве молам @Mishela ,@Biodevojka за некој соодветен шампон..
Драга ќе ставаш масло 20мин. само на коренот пред секое миење. Биди упорна, на овој начин ја омекнуваш кожата. Второ нешто не користи шампони за првут, затоа што честопати се многу агредивни. Пробај го на Биокап оној за зајакнување на косата анткадута кој иако не е за првут многу е благ како производ. Обично првутот се појавува како резултат на агресивни шампони кои премногу сушат. За резултати биди трпелива користи обавезно масло и за месец дена ќе видиш први резултати. Поздрав
Те молам @Biodevojka ако можи слика од овој шампон што ми го препорачуваш и каде да го барам..Кај нас имаме Тинех,Веро,Кам и аптеките.. Благодарамстварно сум очајна со овој проблем последните две години..
Во аптеките може да го најдеш а мислам и дека во Космо би требало да го има ако имаш проблем да го најдеш пиши ќе ти најдам нешто друго. Поздрав.
@Biodevojka слушнав за препарати кои Вие ги правите. Може за коса да препорачате нешто? За сува зрела кожа?
Orzene, шампон на база на пиво. Има повеќе видови, ама ти ќе го земеш тој што е наменет за првут. Мене ми помогна и на мои познаници.
@evangelina.ina А колку време користеше реконазол и кетоконазол? Јас имам користено во екстремни случаеви и секогаш после 3-4 недели ми се смирувала главата aма и понатаму продолжував да го користам за да не ми се врати ситуацијата. А онака шампон од кој сум задоволна е на Vichy против перут, бело со зелено беше шишето и чинеше некои 800 денари. (Премногу, да, ама си ја заврши работата и после првото миење ми беше видно намален перутот) Ако дојдам пак во ситуација да имам толку перут, и буквално лупење огромни парчиња на кожа од главата пак би го купила и не би жалела пари.
За Биокап потврдувам, мајка ми го користи и задоволна е многу. Пробај го, се надевам дека ќе ти одговара.
Elvive Extraordinary Clay - L'Oréal - шампон за масен корен а суви врвови. Шампонот не ме фасцинира, очекував повеќе бидејки читав позитивни критики во темава. Генерален впечаток од шампонот е дека не е ништо подобар од шампоните на Афродита да речеме. Сум го користела и оној со лук, со цвет од лотос, со арганово масло, со кокос и ефектот горе-долу е ист. Денот кога ке ја измијам косата е океј, нареден ден така-така, ама ако имам некоја обврска нареден ден (т.е. на ден бр. 3) морам да ја мијам косата - или со други зборови мора да ја мијам косата секој ден. На попуст го купив во ДМ, ама редовна цена, за таа милилитража со речиси никаков ефект - најверојатно нема да го купам повеќе. Ке му дадам шанса на новиот од Balea, и ке видам дали: ✔ги отстранува масните наслаги од коренот ✔дава соодветна хидратација на врвовите без да ги суши
Биокап утре ке купам од аптека. Инаку @x.Daisy.x шампоните Реконазол и Кортизол ги користев по месец дена и никакво подобрување..Можеби минимално. Чешањето е страшно иритантно највеќе на тилот и позади увото од десна страна значи не низ цела глава туку на три места а воопшто не изгледа местото ни црвено ни иритирано.Штом почнам да се чешам почнува ситен првут биквално како брашно да паѓа од косата.