А да не има нешто друго улога во ова? Пад на имунитет, стрес (те имам читано во 40 и работата прво ми падна на памет) На лекар што ти кажаа?
^ Стрес дефинитивно од работата тоа ми го потенцира матичниот и приватниот кожен лекар.Кожните лекари во болницата немаат точна дијагноза и само нафрлаат термини : Не е себореја, не е дерматит, не е псоријаза па затоа менувам шампони и сама барам чаре..
Некој што ги има користено шампониве да ми направи споредба? Или да ми каже како е задоволен од било кој? Имам коса склона на првут, малку сува, па се мислам меѓу овие два. Било какво мислење?
Мене Орзенот ми направи првут Многу убаво чувство на свежина ми даваше, на чисто. Ама за жал не му одговараше на мојот скалп. Се надевам @buba4e89 ќе има позитивно искуство.
Па веројатно нормална со суви врвови. А за шампонот, го земав тој за сува коса. Можеби тој за првут ќе ми одговараше повеќе Како и да е, сега се префрлив на поприродна варијанта, па експериментирам
Јас имам густа коса. Во последно време не знам што и е. Ќе ја испеглам и веднаш ми се витка. Локни си имам.
@buba4e89 имам густа коса, масен скалп а суви врвови, специфично е. Но бидејќи сега летно време косата почесто бара миење па барам некој предлог за полесен шампон.
Ќе ти ја суши имам иста коса и имам страница две поназад пишано за шампонот од кокос на алверде. Па сега како сакаш.
Било кое драга нема разлика. Бадемово, сончогледово, маслиново одбери ти. Целта е да се омекне темето да не се перута, така да и најобично сончогледово ќе помогне. Шампонот е околу 400 мкд горе долу ако добро се сеќавам. Поздрав.