И двата имаат добар состав, јас би го одбрала вториот како понов. Еден совет бидејќи имаме сличен тип на коса, обавезно пред секое миење ставај масло на скалпот кое ќе отстои минимум 20 минути и избегнувај употреба на суви шампони
Девојки имам едно прашање. Не знам дали е до шампонот - не одговара на мојата коса, или, е поради тоа што не содржи силикони. Го користам шампонот на Лореал со 3 вида глини и по миењето косата ми е Ок и лесно се расчешлува , но по некое време изгледа како да се ,,собира,,( не знам како точно да опишам) и изгледам како не исчешлана, разлетана ми е на сите страни и ја губи формата . Кога ќе ја исфенирам не ми држи. Какви се вашите искуства со користење на шампон без силикони?
Каква коса имаш? Можеби не ти одговара на типот на коса. Мене ова не ми се случило никогаш со тој шампон, без разлика кога го користев. Го имав кога преминував од стандарден на шампон без силикони, а го користев и откако косата скроз се исчисти од силиконите. Океј ми беше косата и не приметив ништо невообичаено.
На декларацијата од шампонот пишува дека е за сува и коса која брзо се масти, и мислам дека тоа одговара за мојата коса. По миењето со шампонот косата многу лесно ми се прекршува и станува неуредна, разлетана на сите страни.
Дали сте задоволни со шампон од коприва на Алкалоид или Афродита ? Имам масно теме и сува коса, знам дека ќе ја суши косата но тоа може да се реши со добра маска за коса, битно ми е како реагира некој од наведените шампони на самото теме.
Го користела ли некоја овој шампон? Денес прв пат го видов во ДМ, наменет е за летен период за оштетена коса од сонце и содржи ув филтри.
Јас би ти го препорачала овој. Имам масна коса со суви врвови. Порано користев од коприва, брезов шампон и маки мачев додека ја исчеслам косата. Ми се свиѓа што убаво ја измива косата со 2 шампонирања. Со овие другите ми требаша некогаш и 3 пати за да ја измијм саглам косата. Со овој е друга приказна. Некако е понежен и баш ја прави убава косата. И да поисплатливо ти е големото пакување. А ако веќе се мислиш помешу двата на сликата јас би рекла афродита.
Алверде и Балеа. Без силикони се, и мирисот им е сон и на двете линии, ама не знам колку се на природна база, не се разбирам баш во состојки. Алверде е природна козметика, а @Biodevojka редовно ги фали нивните производи за коса, па би требало тој да е подобра варијанта за она што го бараш.
Ваков силвер шампон дава ефект само врз плава коса или прамени. На кафеава нема да имаш никаков ефект. А дали е овој ефикасен не знам го немам користено.
Predlog sampon za mrsna kosa i premnogu ostetena kosa?ili ako nema takva spojka i za mrsna i za ostetena, sampon za premnogu ostetena kosa so suvi vrvovi i da ne stvara prvut. Go koristam loreal repair 5 ama sakam nekoja promena do 250 denari
Дојдов да го пофалам шампонот на Орзене од пиво. Напишав пред одредено време дека имам мрсен корен, суви врвови, склона кон првот. Некоја членка наведе дека и правел првут, мене не. Преубав шампон, со прекрасен мирис кој трае два дена. Не ја мијам почесто бидејќи нема потреба, си земав и регенератор тогаш па супер комбинација испадна. Јас сум задоволна.
Па мене да. Само што мојата не зна што сака, дали сака да е права или виткана. Нешто и се случува ама нема врска со шампонот бидејќи и со претходниот беше таква. Инаку заборавив да напоменам дека ако претходно користите природен шампон а сега не ќе треба малку повеќе трпение за резултати. Барем врвовите не ми се суви и не ја мијам почесто. Немам првут и лесно се расчешлува.
Еве и јас да го пофалам регенераторот од Балеа. Не само што мириса прекрасно туку и трае многу, до следно миење на косата. Јас го барав тој од Алверде ама го немаше, па го земав на балеа. Ако мириса вака добро и на Алверде ќе ја купам цела колекција.