Афродита се поквалитетни шампони. Од шампоните на Алкалоид не сум задоволна. @buba4e89 кој Орзене го користиш? Јас го користам тој за нормална коса (има плаво на етикетата). Супер е. Начекав акција. Земав два по цена за еден.
Кои конкретно органски производи си ги користела,мислам на шампон,регенератор или цела линија? Како си задоволна сега? Сакам да преминам на органски производи,моментално елсев шампон со глина користам и калос маската(знам дека е ужасна) а пред тоа и регенераторот на елсев со три вида глини(зелениот). Некако не мислам дека ми одговара на косата,не ја прави доволно мека и мазна и брзо ми се оштетува,па каков год да е шампон. Дали е добро постепено да пробам за да не се случи иритација,перут и слично,или ? И користам масла пред миење-преку ноќ оставам(кокосово,маслиново,рицинусово-органски) и има подобрување,но сакам целосно да исфрлам од употреба препарати со силикони,парабени...
Само Алверде и Ома Гертруде. Вториот го користев кратко, па нема ни да го коментирам. Од Алверде ми одговараше тој со био-ехинацеа за осетлив скалп. Со црвен цвет на амбалажата, темно зелено капаче. Регенератор не користев, само путерот со авокадо и јојоба од Алверде. Моментално користам друг шампон без силикони, но косата повторно е во одлична состојба. Инаку да, подобро е постепено отколку наеднаш, за да ги отстраниш прво силиконите наталожени на влакното, па потоа да процениш каков шампон би ти одговарал, според вистинската состојба на косата. Отприлика по 20-тина миења би требало пополека силиконите да почнат да се тргаат од косата. Јас искористив две дози од Лореал Елсив со три глини, па потоа преминав на Алверде. Иритациите и „несаканите“ појави се индивидуални, секоја коса различно реагира. Веќе напишав како реагираше мојата на таа промена. Сега е ок, немам првут, косата не изгледа суво и безживотно, мека е и многу сјајна. Во моментов користам шампон и регенератор Гарние Фруктис со алое вера, новата линија без силикони. Задоволна сум, можеш да пробаш со нив.
@Biodevojka те молам значи спаси ме со мојот проблем веќе подолго време со косата!!! Значи веќе незнам со што да ја измијам за не ми биде мрсна, да биде чиста и свежа. Од како ќе ја измијам обично ја оставам сама да се исуши, не ја сушам со фен, и откако ќе се исуши па е ко мрсна , ја немаа таа свежина и да биде убаво чиста, А веќе другата ден мрсна е, за третиот ден зејтин и пробував да ја мијам два пати неделно пак иста приказна пак е мрсна. Стварно незнам што е проблемот, оти никогаш не сум имала волку проблем со мрсна коса, плус и ме чеша скалпот и првут ми се прави. Те молам препорачај ми добар шампон кој би ми го решил проблемов?
@Biodevojka ili nekoj ako moze da spodeli mislenje za ovie samponi ako gi koristel??? Koj e podobar od ovie?
Драга косата ќе ја миеш двапати неделно со шампонот на алверде со кафеин и пред миењето обавезно ќе ја правиш следнава маска: ќе помешаш малку зелена глина со топла вода или нкој чај на пример зелен чај, или нане и ќе ја нанесеш само на коренот. Покриј со ќеса и пешкир и остави така околу 15 мин.(за почеток доволно е 15 мин. и не повеќе од двапати неделно). Потоа измиј ја косата со шампонот кој ти го препорачав. Ова ќе го правиш две недели, потоа третата маската ќе ја правиш еднаш неделно.Не знам какви шампони си користела досега ама силиконите неверојатно ја мастат и отежнуваат косата. На овој начин ќе се обидам да ти го регулирам себумот. Инаку исхраната можеби јадеш помасни работи...доколку е така повеќе зеленчук и овошје да може и внатрешно да се прочисти. Друго нешто земи ја пената за коса на Алверде и нанесувај ја после секое миење само на коренот. Ќе ти даде волумен и ќе ја регулира маснотијата. На база на алкохол е, така да не ја нанесувај на врвовите и по должината, туку само на коренот. Поздрав и пиши ми резултати. Никогаш ги немам пробано...
@Biodevojka Фала ти на одговорот , ама јад денеска сабајле бев до дм и незнаев кој да го земам шампон баш и проверив на фемина дали си ми одговорила и го земав овој , дали можам овој да го користам наместо алверде ? Или да го купам тој на алверде ако не? А глина кај да најдам ? Каква е таа?
Не е комплетно природен ама барем не е агресивен. Зелена глина имаш во сите аптеки и во ДМ...фактички насекаде. Овој ок ако си го купила користи го барем е силикон фрее...Поздрав
Не очекував нешто wow од шампонов со оглед на цената нели,ама па не се покажа воопшто лошо.Шампонот е без силикони(мене и не ми се битни многу тие работи ама кој запазува еве еден плус) +Б3 и Б5.Пишува дека е за фарбана и тонирана коса и дека дава свиленкаст сјај што е точно.Не ја прави многу мека но мене толку ми е оштетена од фарбање,пеглање и миење секој ден па не ни очекував ама дека дава преубав свиленкаст сјај да!
@Harper не сум точно сигурна за цената на шампоните меѓутоа повеќе од 300.00 мкд дефинитивно не се. @Biodevojka Биокап не успеав да најдам па го користев овој шампон нс Garnier со задолжителното ставање на масло од кокос и кантарион на скалпот.Никаков ефект немаше истото ужасно чешање и сув,ситен,во огромна количина првут. Денес го купив овој по препорака од апотекарката. Стварно ме полудува ова чешање и перут
Драга потребно е време. Овој што си го купила не знам што содржи ниту пак може да коментирам затоа што никогаш не сум го ни видела ниту пак пробала. Меѓутоа немој да мислиш дека проблемот ќе се среди шреку ноќ. Потребмо е барем месец дена упорност за да видиш првични резултати. Поздрав.
Здраво, би сакала да ми препорачате некој шампон за секојдневна употреба за коса со мрсен корен и суви врвови, со добар состав и да не биде од ДМ, бидејќи во градот каде што живеам нема ДМ. @Biodevojka