Извини те донесов на оваа тема да не пишувам таму :/ Јас го земав овој 2во1 шампонот, убаво ми мириса и свиленкаста ми е косата, ама одма ми ја мрси Овој другиот освежителниот како е по ова прашање?
@LoveRain до 150 денари се скоро сите. Јас бев задоволна, најдобар ми беше тој со кокос, само се надевам дека не беше лимитирана колекцијата.
Само да си кажам мое мислење. Нова членка сум на форумов,но одамна го следам. За многу шампони е коментирано дека се агресивни. Мене лично само Head & Shoulders и Wash & Go ми пријат,ми одговараат.Косата не ми реагира добро на други.Има различни типови на коса.Сечија коса е различна. Што се однесува до агресивноста,секој шампон може да се покаже агресивен за косата ако претерано се употребува(дури и Алверде и Балеа-демек поприродни,но и тие имаат штетни состојки,хемикалии). Кога одите да купите шампон,прочитајте дали е за вашиот тип на коса и какви состојки има. Ставајте мала количина,колку паричка или малку поголема количина во зависност од должината на вашата коса. Косата не треба да се мие секој ден,инаку станува посува(кај некои личности и помрсна) или посклона кон првут.Нормално е да се мие 2 пати или 3 пати неделно. Не купувајте шампони кои во својот состав имаат Кокамид МЕА,Кокамид ДЕА и Кокамид ТЕА(потенцијално канцерогени се).Кокамид МЕА е помалку опасно,(а и производителите во мала количина го ставаат)од другите две,па шампон со ова може да се употребува од време на време,ако во шампонот има деривати од или прави витамини Б и Ц(Б и Ц ги блокираат штетните дејствија),или ако ги купите посебно,па додадете во шампонот. Јас сум задоволна и од некои врсти на Schauma и Palmolive,но сепак далеку позадоволна сум од првите два кои погоре ги спомнав.
Здраво девојки. Одамна го гледам форумов и ги читам вашите мислења и искуства па би сакала да ве замолам да ми препорачате некој шампон имам мрсна коса и суви врвови имам пробано шампони на syoss,head & shoulders,nivea и не ми одговараат па би сакала да ми препорачате некој на Garnier што ќе одговара на мојата коса. Ви благодарам однапред
Го имам пробано ама косата после него ми е како слама. Ја пробав целата таа колекција и не ми одговараше.
Garnier Honey treasures исто и Garnier green tea или со Olive oil не се сеќавам дали беше. Мене овие ми се ок Исто и од Cien шампонот ( бело шише со сино) го има во Lidl. Овај последниот е преубав!
Штом ти се мрси косата,одбери шампон со зелен чај или коприва или комбинација на повеќе билки. Тој со мед е за сува и оштетена коса,нема да ти одговара.
Јас користам само глис, бидејки ми е уништена целата и ми рекоа дека со тоа ке ми се опорави косата. Дали да земам и некој шампон или само со тоа?
А дали да го користам и шампонот на глис, и маска исто така на глис да земам ама ии кокосово масло да ставам, да не ми ја оштети уште толку, фала однапреед.
^Кокосовото не може да ти ја оштети косата слободно користи си се и маска и шампон,а стварно ако имаш оштетена коса земи ја црната маска на глис и црниот спреј Ишишај се малку,не користи пегли,фигара и не ја суши со фен летно време
Дали е подобар шампонот на Гарние со алое вера или со зелен чај? Имам мрсна коса,но не сакам некој шампон што ќе ми ја пресуши Имам дома еден на Гарние со кокосова вода го земав од Лидл набрзинка но не знам каква намена има на грчки пишува
Шампони со кокос или кокосова вода се наменети за сува и/или оштетена коса. Шампони со алое вера и зелен чај се наменети за нормална и/или коса која е склона кон мрсење(за коса која не се мрси многу или бргу).Ако ти е таква,одбери си шампон со некоја од овие состојки,а ако многу ти се мрси косата,тогаш ќе ти треба некој шампон со повеќе билки.