Пред некое време купив од интернет PRO:VOKE шампон и регенератор.. Мирисот е океј, али толку убава косата до сега не ми била од никој друг шампон.
Искуства со шампониве? На попуст се па..вај нот плус пишува дека се без силикони Јас го земав мини пакувањето за патување од последниот со манго и бев презадоволна од негата ( морската сол, сонцето ништо не и можеа на косата ) и плус мириса преубаво До сега дали 2-3 производи имам користено на балеа и не беа нешто ..ама од шампонот и балзамот од манго сум пријатно изненадена
Девојки косата ми се мрси пребрзо од маски за коса, дали мислите дека регенератор нема да ми ја мрси и препорачајте ми добар регенератор
Ако не ти одговара на типот на коса, да. Инаку нема врска, најбитно е да биде ок за типот на коса кој го имаш. Мене воопшто не ми одговараат универзални шампони "за секој тип на коса", па си барам само конкретно за мојот тип.
Косата не треба да се мие секој ден.Така станува уште помрсна,а некои луѓе,пак ептен сува.Се оштетуваат влакната,се иритира скалпот. За да се намали мрснотијата на косата,треба да се намали стресот,да се избалансира исхраната и да се користат шампони со билки(со формули кои не се агресивни или барем не се многу).
Сега користам шампон од Корпива оној 1000мл што е не знам која компанија и кондиционер оној од Кам со розево капаче.Ама џабе 100 пати сменив и шампон и кондиционер ништо не помага..ќе го препишам ова на пубертетот.Косата на 2 дена ја мијам иначе како подвижна фритеза сум
Имам виткана коса, и веќе повеќе од 2 години користам препарати без силикони и сулфати. Користам шампони само на Алверде, а последен го земав Алверде Ултра Сензитив. Почна да ми се создава првут на темето, и многу коса почна да ми опаѓа. Не се пеглам често, фен користам само на слаба температура со дифузер, користам масла и ред други работи но мојата коса буквално не личи на ништо. Некои делови не се ни виткаат повеќе, особено долниот дел кај вратот. Се шишав пред една недела иако немам некое видно оштетување како расцветани врвови, мислев дека ќе помогне. Испадна уште полошо. И покрај целото вложено време и труд, мојата коса не личи на ништо. Веќе ми е срам да излезам од дома со пуштена коса, па најчесто ја ставам во лабава пунџа. Ако има некој нешто да ми препорача, шампон, регенератор, маска, било што. @Biodevojka совет?
Пробај да не ставаш маска на секое миење на косата, и тоа може да ја мрси. Јас го користам балзамот на Алверде од авокадо и шеа путер, и сум задоволна мн . Убаво ја негува и хидрира косата, и дава свежина и сјај. До сега не сум забележала дека почесто ми се масти од него. Ти го препорачувам.
Девојки дали некој има пробано шампон на Лавера ? Ми се допаѓа тоа што е природен и дали во Зегин има производи на Лавера ?