Јас од кога го пронајдов овој не го сменав. Плус и многу убаво мириса. Малку ја плетка косата ама маска ставам. Косата можам два некогаш и три дена пуштена да ја носам а во пубертет исто имав доста мрсен скалп.
Јас морам да сменам понекогаш шампон бидејќи ми се презаситува скалпот.Инаку на Herba ми бил шампонов од коприва сега видов.
Го имам и тој користено но почна првут да ми прави. Јас знам еднаш на неколку месеци да го земам тој од коприва од истава фирма но пак се враќам на овој. Што не испробав претходно и ништо друго не ми одговараше.
Да јас го имам користено Мене ми се допаѓаше многу , нежен е мириса свежо и ми даваше многу сјај на косата . Не ми ја мрсеше косата и има пристојна цена. Погоден е за често миење на косата , а доколку имаш многу оштетена коса и расцветани врвови ќе мора и маска да земаш . Поздрав
Драга најнапред треба да сфатиш од што ти паѓа косата. Дали неправилна исхрана, хормони или период на стрес. За опаѓање на коса земи било кое масло 50 мл. и стави 7 капки етерично масло од рузмарин и масирај пред секое миење. Остави да делува 20 мин за почеток и измиј со убав шампон и вода. Шампоните на алверде се одлични, ама еве може тебе не ти одговараат сите сме различни. Пробај ги на Ома Гертруд има еден многу благ за секојдневна употреба. Јас го имам пробано оној за сува коса и преубав е. Поздрав
Јас не но купив на сестра ми , таа има мрсна и права коса и е мноогу задоволна плус многу сјај и давал на косата Еве слика
Девојки препорачајте ми шампон од Алверде од кој сте задоволни Одамна сакам да ги пробам нивните шампони. Имам густа коса, и првут понекогаш. @Biodevojka може и ти да ми дадеш предлог.
@Luminary, јас сум презадоволна од тој со кокос, го користев заедно со пакувањето (така пишува на амбалажата, мислам дека станува збор за поконцентриран регенратор). Сега го имам тој од авокадо и шеа путер, задоволна сум, најважно ми е што не ми ја мрсат косата дополнително. Наредно сакам да земам некој од цврстите шампони на Алверде, дали некоја од вас ги има пробано?
Драга мене ми се скоро сите омилени од алверде, јас имам посува коза и омилен ми е авокадо. За твојот проблем сметам дека е најсоодветен оној со кафеин. Инаку последен го пробав со кокос и се заљуби колку ми се допаѓа како производ а особено мирисот. Поздрав
девојки забележав дека Афродита шампоните имаат ново пакување..дали е истиот состав, цена во различно шише или е сосема некоја нова линија?
Девојки какво искуство имате со шампоните на Wash & go бидејќи мајка ми сака да земе од тој за волумен а мислам и против првут е па да не фрла за џабе пари ако не се добри
Секој има различна реакција.Некој е задоволен,некој не.На форумов има многу незадоволни,но јас сум задоволна.Користев неколку варијанти од Wash&Go,најмногу тој за масна коса и навистина ми ја чистеше косата.Тој против првут не е баш ефикасен за отстранување на првутот.Овие шампони даваат волумен,ама не толку колку што се фалат на рекламите.Ама,не се жалам. Сепак не би ги препорачала на луѓе кои имаат премногу сува коса бидејќи имам приметено дека во моја фамилија повеќе им помагаат на луѓе со нормална и со масна коса.
Да ми предложите некој шампон за волумен и да немам перут, користам сега еден од фармаси ама воопшто не сум задоволна