Gliss дефинитивно... Било кој, дали за фарбана, дали за сува и оштетена... Имам пробано неколку ама пошто се фарбам, го користам тој црвениот за фарбана. Ете веќе 1 година не ни сакам да помислам да го сменам. Ама секогаш заедно ги користам истиот шампон со истиот регенаратор..
Јас сега почнав од Авон од Натуралс да си земам еден нов од цреша што е и прекрасен ми е.Убаво мириса и не е тежок шампон,сакав некој така полесен за летово.Аа цената му е смешна 109 денари е. Сум пробувала све и свашта и сега малце ќе се задржам подолг период на овој,ми се свиѓа,си нарачав 3 во следната пратка ќе ми стасаат.Ви го препорачувам.За сите типови на коса е,мислам дека има и регенератор спреј од него ама не сум го пробала,го имам на Глисс засега темно розевиот.
Jас сега си зедов Orzene ама не сум задоволна, многу брзо ми ја мрси косата . ; Ај препорачајтете ми некој многу добар за мрсна коса а да не е многу скап.
http://www.baaria.com/img/produse/2324/ ... 200ml..jpg Пробајте го регенераторов, мноооогу е убав + не е скап
И јас исто така сум од сите на глисс презадоволна и не планирам да го сменам за ништооо...Мене најпогодени ми се Шеа Кашмир за сува и оштетена коса шампон и регенератор, пошто мојата коса е виткана и доста сува ова е супер
Се извинуваам го немам користено регенераторов по грешка ти пишав Дај предложете ми некој убав шампон за мрсна коса
Гледам си го користела Орзене..И јас го користев стварно не е убав многу е јак и кога го користиш побргу ти се мрси косата.. А имаш пробано Гарниер од Новите(не се веќе нови ама јас така си ги викам ) ?Од липа,мене ми помогна.Многу е убав,убаво мириса а и ја држи косата повеќе време чиста.Еве ти и сликичка- И на Фруктис има еден шампон мислам дека Фреш на него пишува,и тој е многу убав.Можеш и со него да пробаш,од лично искуство јас ти ги препорачувам овие два шампона а и брезата/копрвата на Алкалоид - многу лесно шампонче,ем економично,ем добро,ем убаво мириса. На Елсев розевиот многу го фалат за мрсна коса,ама јас лично го немам пробано. Би требало да е добар,скоро сите шампони на Лореал се убави. Се надевам ти помогнав
Јас го земав розевиов Elseve чисто онака да го пробам, не нарочито за мрсна коса, ама не ми се допадна. Посплескана ми е него со Total Repair 5, без волумен онака. Да го дотрошам розевиов и ќе се вратам на стариот, стварно поубав ми се чини.
Скоро две години веќе ја користам колекцијата L'oreal Elseve Total Repair 5.И незнаменлива ми е. Ама јас имам еден проблем.Косата ми се презаситува од било кој препарат ако го користам подолго време,и ондак више нема ефект прозиводот Па јас си најдов вакво решение месец дена си ја користам оваа колекција,после купувам некоја друа и кога ќе ја потрошам се враќам на Total Repair и се така. Како замена ги имам користено многу ама ниеден не ми бил убав како овој. Garnier ,Gliss ,Orzen,Avon ... од L'oreal Elseve го имам користено и тој Re-nutrion што е ( Бел со жолто) и Nutri-Gloss (Розевиот),и сите се никакви.Само ми ја улепуваат косата и ја сушат повише. И сега незнам кој да го купам Видов една нова колекција на Глис Ultimate Repair.Добра е или?Ја има некој пробано? A имам слушнато дека и Syoss имале добри колекции?Има некој искуство со нив?
Дали некој го има користено шампонов од Орзене за виткана коса ? Или пак ако не е овој добар,некој друг за виткана коса да ми препорачате ?
мене најубави ми се шампоните на Нивеа. моментало го користам овој ... Ама сепак овој ми е некако најубав ми е овој исто и регенераторот.
Во соодветната тема да си прашам Знае некој каде има Еvolution шампони за коса кај мене во парфимериве нема ?????