@Biodevojka ќе може да ми кажеш видови на благи шампони и органски шампони, зашто стварно немам поим кој какви се.
Head & sholders за мрсна коса. Знам дека е појак од другите и сл, али тој за првут и тој за мрсна коса навистина си ја вршат работата.
@IM.TMKQ Почнав со Garnier Ultra Doux (не можев да најдам иста слика, ама ваков е, зелен со златно капаче) како транзиција од шампон со силикони во подобар и ми беше за почеток супер, кога го потрошив земав друг. Овој го користев следен, на Натура Сиберика, ама го купив од Србија и не знам дали има и кај нас од истиот. Ми се свиѓаше, ама во секој случај сакам да сменам во Алверде, ми се чини дека се поевтини. За масна коса ако ти е, го препорачуваат овој на Алверде и овој А јас следен сакам да земам било кој што им е од линијата family, т.е. тие што имаат поголема количина, 400 мл. Ќе видам на лице место кој ќе ми фати око, сега за сега имам уште од овој со розата. Млеково е многу убаво И маска/регенератор кога ставам обавезно ја собирам косата со штипка и стои така додека се бањам. На крај само ја плакнам и после си ја галам.
Ти благодарам Сакам само да прашам конкретно дали некои од овие состојки треба да се избегнува? Покрај силиконите не сум информирана што друго е штетно за косата. И дали има силикони во овој состав?
Кога се мислиш за нешто отвори ја странава: http://www.cosdna.com/ Пиши го производот и ти дава од страна со црвено/портокалово/зелено во зависност од тоа колку сметаат дека е лошо. Имаше уште некоја страна ама у моментов не ми текнува како се викаше за жива глава. Коритсаки убаво ти пишала за формалдехидот, јас у принцип гледам да нема силикони, парабени, ПЕГ. Сите тие имаат слични имиња во составот. Ама дека не можам секогаш се да познаам, си пребарувам тука на форумот предлози од Биодевојка или на некои блогови пример девојкава дава супер предлози: https://www.instagram.com/diamaramakeup/ Исто и сулфатите, т.е. она sodium lauerth sulfate го избегуваат, дека сметаат дека е преагресивно за кожата. Ама, јас би ти рекла оди постепено. Реално, многу ретко има добар состав, и нема голем избор, ама со тек на време ќе се научиш да ги избегнуваш. Не сум престрога за да мора да е се 100% природно, се надевам со тек на време ќе стигнам до таму. Тешко е да смениш цела козметика од еднаш. Па и додека најдеш што ти одговара треба да пробуваш... Пример Балеа имаат и лоши и добри шампони. Исто и регенератори. За Алверде се знае дека се органска козметика па таму барем знаеш нема утка. А останативе брендови, за жал се поскапи (за органските зборам). Пример овие Натура Сиберика, Лаш, Лавера и слични на нив. Ама не ми се даваат толку пари, а и зошто да давам кога можам за поевтино да си купам Алверде. Јас овие Натура Сиберика шампонот, плус 2 регенератори ги земав од Србија, беа на 50% попуст тогаш, и многу евтино ми искочија по 150 до 200 денари у просек. Ама тука нема шанси да дадам 414 денари за регенератор (толку е во Космо, бев да проверам еднаш, и затоа и не го ни спомнав) Исто шампон што го фалеа тука, a со добар состав беше и Garnier fructis Aloe vera, ама го немам пробано па не можам да кажам за него.
Интересно програмче. За Balea ultra sensitive шампонот ги дава сите зелени, што дури ни за Алверде од авокадо/кофеин ги немаше
Секако драга оние кои мене лично најмногу ми се допаѓаат се: 1. на прво место Алверде 2. Ома Гертруде (особено оној за оштетена коса е преубав) Одбери некои од овие две марки.
@ванилала Balea ultra sensitive е супер шампон, нежен е и погоден за секојдневно миење. Една феминка ме замоли за рецензија ама тотално го изумив тоа, па на кратко ќе пишам впечатоци. Го купив пред некој месец за на одмор и го користев некои 10ина дена, секојдневно. Има нежен мирис и прави убава пена. Косата ја прави мека и воопшто не е агресивен за скалпот, така што мислам дека е погоден за секојдневно миење. И ти пиша дека сите состојки се обележани со зелено. Мајка ми го користеше тој период и забележав дека има убав волумен (косата не и беше спласната како тесто) и не се пожали на иритации/чешање на скалпот. Со огледа на цената од 69 денари може секој да му пружи шанса.
Може сликичка? Дали е тој што мислам дека е. Имаше и од Алверде сензитив или мед, колку што се сеќавам. Ги немам пробано, а штом овој Балеа е океј и за скалпот, не би било лошо да се има како опција зашто тоа ми е најбитно.
Ако не ме исперути, да те частам ќе треба. Некако ми е too good to be true, ама ќе го пробам, па нека биде што ќе биде.
Моментално во Шведска сум и ни едниот го нема овде, ми треба за да направам домашен скраб. Може да земам бебешки?
Се мислев помеѓу ultra sensitive, MED пх 5,5 и тој со 5% уреа, кој да го земам. Ме убеди со твојот, благодарам