@Mishela @ванилала само што бев до ДМ и среќа што проверив, јас го користев ПХ неутралниот шампон, а не Ултра сензитивот . Еве слика како изгледа овој. Чини 69 денари, а тој Ултра сензитивот 142. Набрзина најдов состојки и има жолти полиња, а содржи и ПЕГ (имам читано дека Мишела го одбегнува). Така да ако се решите земете го Ултра сензитивот, не овој ПХ неутралниот. Извинете за грешката
И јас во последно време се заинтересирав за шампоните за виткана коса на Lush. Конкретно за овој прочитав дека е добар, но дека има парченца кокос кои остануваат во косата по миење, па треба да ги требиш. Имав еден пилинг за коса на Балеа што исто така оставаше зрнца, по 100 пати се плакнев, живци искинав додека ги извадив сите, па трауматизирана од тоа искуство би го прескокнала шампонов. Мене повеќе ми фати око цврстиот шампон за виткана коса Brazilliant. Немам користено цврст шампон досега, но би сакала да пробам, а и се мијам коса двапати неделно, па сигурно долго ќе ми трае. Го користел некој, или ако не тој, некој друг цврст шампон од Lush? Дали прават доволно пена? Има и уште еден за виткана коса, од пиво, Cynthia Sylvia Stout. Ако некој користел било кој од овие три нека сподели искуство
Нафтени деривати се тоа, кај Биодевојка на блог се ептен добро опфатени, барај во постарите статии од 2015/16. Можеш да си прочиташ за така поопширно инфо, зашто јас се осеќам како лаик во споредба со неа. Ќе го земам овој од претходната слика јас, за таа цена од околу 150 денари и не е така лош. Толку отприлика ми се и Алверде. Ако не ме перути супер, па ќе пишам. Ама прво да го потрошам Алверде со кокос, па ќе му ја мислам.
И Алверде од кокос сакав да го земам пред некој месец, ама некоја од членките ме предомисли. Какво искуство имаш ти со него? Се мрси бргу косата?
Не, ми се погоди ептен. Баш зборував за него во темата за Мрсна коса. Не е конкретно за мрсна коса, ама мислам дека би одговарал на секаков тип на коса. Мене многу ми се допаѓа, косата е мека и без маска/регенератор, сјајна е, лесно се обликува и има волумен, не е сплескана и тешка. Само единствена замерка ми е тоа што не се чувствува мирисот на кокос по миењето. Косата мириса на чисто, ама кокосот никаде не го чувствувам. Можеби ептен се имам навикнато на мирисот, па не го ни осеќам веќе.
Може најди некој убав бебешки шампон не знам кои марки ги има во Шведска ама побарај некоја органска марка и нема да згрешиш. Поздрав
Епа сите овие пишува дека ги има на залиха, така што можеш да ги порачаш Пиши како ќе бидеш задоволна ако пробаш некој пред мене, јас планирам да го земам Brazilliant.
Дефинитивно незаменлив... Со мнооогу убав мирис. Имам многу долга коса и баш убаво ја расчешлувам и не ми е разлетана.
Јас го користам ултра сензитив шампонот на балеа подолго време, многу нежен шампон и со редовна употреба се намалува чешањето и иритацијата на скалпот од појаки шампони. Е сега мирисот е малку монотон па би ти препорачала некој поубав регенератор или спреј во комбинација. Сакав да ти го спомнам и гелот за миење лице од истата линија, перфектно мие шминка, откога го користам само шминката од очи ја вадам со друго средство а од лице директно со гелот и кога ќе се поминам со тоник нема ни трага од пудра....предобар е. За таа цена и составот им е супер. Е сега им дадов шанса и на дневната и ноќна крема од истата линија ама не вредат...не даваат доволно хидратација, барем на мене
Шампоните на Лаш прават многу пена и течните и тврдите Тој цврст шампон што го спомна погоре го немам користено , но имам користено други , тој за мрсна коса , за волумен и за поттикнување на раст на косата
@Biodevojka , или actually било која, ве молам за препорака за природен, неиритантен шампон, само да не е од ДМ маркет, зашто кај мене во државава нема, а овде баш за од таму еден куп препораки. Две години не користам шампони со парабени и силикони инаку, ама последниве две недели скалпот ми се направи партал (два пати се измив со шампон со силикони/парабени дека не бев дома, не е ваљда од ова?) ме чеша константно и се исфрлив, и многу почна да ми паѓа косата, од памет сум извадена. Купив чисто рицинусово масло, го мешам со маслиново и го масирам во скалпот и косата, така преспивам, маслиновото посебно ме смирува, ама морам да сменам шампон, нека е до 20 евра, само да смирува. Имам нормална кон сува коса инаку, и никогаш не ми правела проблеми, ама кожата ми е општо хиперсензитивна.
Здраво драга кажи ми кои органски марки ги има во државата каде живееш? Да знаеме што да ти препорачаме...инаку никоја од нас не би можела да ти препорача шампон за кој ќе ти гарантира дека не иритира...тоа е индивидуално не знаеме како твојата кожа ќе реагира. Ама може да ти препорачам природен и органски шампон кој да се надеваме дека ќе функционира за тебе. Поздрав
Фала ти на одговор. Во принцип сите поголеми марки од типот на Еуцерин, Ла рош, Виши, Биодерма итн. ги има. Исто и Lavera, Weleda, Urtekram, Korres, Melvita, Klorane, и ланци од типот на Лаш и Боди Шоп, ма да овие знам не се нај нај... на ова ми текнува вака од памет, а и не сум баш некој експерт. Мислам дека во принцип се ќе можам да најдам што ќе препорачаш и што ти е пробано како квалитетна марка зашто јас ич немам експериментирано со шампони, а се наоѓа ама баш се, само дм како ланец со свои марки го немам, и ќе си умрам од мака.
Да го побараш Hipp baby sensitive.И мојот скалп е осетлив, овој ми е супер.Не дава волумен, ама затоа нема чешање после миење, што ми се случувало со најголем број шампони.