Јас би ти препорачала Ома Гертруде кои според мене се фантастични, ама не знам дали го има. Другиве марки кои ми ги наброја се комерцијани во смисла не се природни и органски така да не би говорела. Лавера може да го пробаш basic sensitive евентуално тој...
Е тие баш ги нема. Ич не носат германски производи накај мене, доминираат француски. Се мислам на крај Лавера дека ќе земам, баш тој го гледав што го пиша. Среќа најдов малечко Алверде шампонче за патување сабајлево, и чудо колку ми олесна. А инаку и Urtekram и Melvita се сертифицирани органски и доста квалитетни, a Korres и Klorane знаат да имаат убав состав, ама немам ништо за коса купувано од никои oд овие. Фала за предлозите.
Многу го фалат, но јас не сум нешто задоволна за наменета што ја има (мрсен корен и суви врвови). Исто ми се масти косата со него и имам ист ефект како од др шампони. Имам прочитано дека по 1 месец имало добар ефект ( зошто бил без силикони па додека се прилагоди косата).
Одличен е, го користам долго време. Косата не се масти толку брзо и остава свежо чувтсво на скалпот. Доколку се префрлаш на шампони без силикони во почетокот нема да ти се допаѓа ефектот кој го дава бидејќи косата ќе се чисти од силиконите, но по одреден период ќе забележиш разлика.
Само што почнав да го користам се надевам на добри резутати , дали го користиш во комбинација со маска или регенератор ?
Од истата линија не. Регенератор вообичаено користам од Алверде, но ретко бидејќи ме мрзи да ставам 100 работи и да чекам да делуваат. Сакав да ја пробам маската од истата линија на Лореал што се користи пред шампонирање, ама не имам наидено на било какви рецензии за да се одлучам да ја купам.
Јас ја купив и маската пред што се става .. но незнам , можеби е рано од еднаш да делува... кај мене пак ми се исмрси како и вообичаено , ја мијам навечер утре дента ок , следниот ден веќе мрсна , ке и дадам време како што читав по српски сајтови имало ефект но и требало време на косата да се навикне ..
@Biodevojka Би те замолила да ја погледнеш декларацијава и да ни кажеш дали го бива шампонов? Го користев тој на гарниер со 5 билки, но ми го повлекле од продажба и сега има некои нови како замена.
Овие се на природна база и се од србија нови сад. А кај нас ги носи едно девојче од куманово е а цената е 1100 ден
Не ми изгледа лошо иако не е комплетно природен. Нема силикни што е одлично, нема нафтени деривати и конзервансите се ок. Има поликватерниум 10 кој не е силикон туку кдиционатор, иако може малку да ти ја отежни косата оти понекогаш овие кондиционатори имаат билд ап ефект односно се таложат и ја отежнуваат косата. Сума сумарум не е лош како декларација пробај го па пиши како си задоволна и каков ефект дава. Поздрав
Овие два ги имам користено заедно со регенераторите , тој со бразилски кератин е одличен не ми ја мрсеше косата 4 дена , дава многу сјај на косата одличен е и е еден од моите омилени шампони , но тој со биотин и колаген не бев воопшто задоволна , ми ја мрсеше косата и никаква разлика не видов така си стои плус оваа е единствениот шампон кај кој што приметив кога си правам локни со фигар веднаш паѓаат а до сега тоа не ми се случува си стојат по 3-4 дена , што не беше случај и со тој со бразилски кератин .
Јас го земав заедно со регенераторт и млекото , ми фали уште маската Одличен шампон , не мрси , дава живост мекост , сјај прекрасна ми е косата , исто и регенераторот многу е добар си ја врши работата и многу лесно ми се чешла косата !
Го имам користено вториот,добар е не е лош. Зависи каква коса имаш јас имам масен корен на косата а надоле е нормална со малку суви врвови. Не е ништо посебно но добар е не масти дополнително пробај го.