@M.laDy ај те молам кажи ми кој е шампонов? И јас го користев тој со 5 билки на Гарниер, но веќе го нема А најпрекрасен беше! Се мислам што да земам сега лутам лутам...
@Biodevojka Го зедов шампонот од гарниер, ботаник терапи, и баш ја споредив декларацијата со тој од 5 билки и сфатив дека имаат идентична декларација а можеби и скроз иста. Значи ни го изменија пакувањето само . Со тие неколку пати што се измив ми го два истиот ефект како со овој од 5 билки што беше.
Дојдов само да споделам мислење за овој шампон. Mojaта прва реакција после шампонирање беше, мхм ( како Алачки ) . Би почнала со прекрасниот мирис што преовладува и долго време се задржува на косата. Буди чуство на смиреност. Е сега, проблем број 1 : јас имам премногу танка и ретка коса што речи си и да ја немам, шампонов дополнително ми ја сплескува. Косата е мека и лесно може да се офромува онака како што сакате, но доколку имате ретка и тенка коса не препорачувам бидејќи делува како да не се имате миено со години. Позитивна страна му е тоа што не ми ја мрси косата и ја мијам на 2-3 денови. Исто така, не знам дали е од предходно што го користев шампонот на Фармаси или е од овој, али после миење едвај 2-3 влакненца ако најдам паднати. Сума сумарум, ми се допаѓа. 9 од 10 ! За тие со убави и здрави коси, препорачувам
Да, овој е многу убав шампон. Нирта. Словенски е на Илирија, од истата линија имаат и од коприва и камилица. Не се воопшто скапи, а убави се.
Во ДМ мислам дека уште е на попуст 219 денари, инаку редовна цена му е 295 денари. По аптеките може да се најде за 260 денари.
Ако некој има искуство со шампонов да сподели ? Фала однапред. П.С. Среќна Нова и Божиќни празници на сите Феминки
@buba4e89 може слика од шампонот и све по ред да пишеш со што ја тинтраш? Имаш фина форма, најмногу ми праи кејф што ден после тинтрање ти е одлична. И јас како @mariz сакам волумен ама несакам многу четки и фен поради моето тенко влакно.
Сум пишувала многу пати, се е до шампонот ама мојава не трпи многу шампонирање оти така имам уште поголема бујност. Имам густо и цврсто влакно. Во септември се фарбав и ставав осветлувач да ја извадам црната, после 2 месеци се вратив црна пак. Но трпи мојава. Но, забележав денес дека скроз сум го утнала името на шампонот. Извинете. Orzene beer keratine во кафено пакување за сува коса. Јас не ја мијам секој ден туку чекам да ми е мрсна па ја мијам еднаш неделно. Потоа и ставам маска kay pro да одстои 5 минути и ја плакнам. Откако ќе ја избришам со крпа и прскам спреј за коса со кератин на Фармаси и ја сушам. Откако сама ќе ми се исуши убаво и отплетка сама, ја поминувам со четка (тие коцкастите големите) по еднаш со фен само да ја израмнам и тоа е тоа. Е сега ако носам капа зимска нормално ми спласнува.