Целата колекција ја користам, и морам да кажам дека сум презадоволна! Имам виткана, тешка и густа коса со ниска порозност на влакното, исто и доста дебело влакно. Да ми кажеше некој дека оваа колекција ќе ја скроти и дефинира порано, ќе ми спасеше многу проблеми! Најтопло препорачувам. Цената е околу 160-170 ден за еден продукт.
Девојки, препорачајте шампон за природна боја на коса? Моментално користам шампон OGX ама и од сите претходни приметувам се некако ми се сплескува косата 2-от ден
Кој шампон на Алверде е најпогоден за тенка и сува коса без волумен? И регенератор добар препорачајте ми..Моментално користам шампон и регенератор на Индола но не вреди за цената, не сум задоволна
За масна коса - мене најдобри ми се на Lush Jumping juniper и I love juice на Алверде има еден за масна коса (не можам да најдам слика) Овие три су ги пробала и сум била презадоволна
Во TINEX на штандот за козметика. Го има некој пробано шампонот на LUSH Seanik, да сподели искуство? Тиркизна боја е со некакви алги.