Препорачајте ми шампон кој што нема да ми создава првут.Го користам на head&shoulders но сакам да земам некој што е поблаг, а да не ми ја мрси косата одма
Презадоволна сум од овие шампони, еве веќе година дена ги користам и не ги мењам Овој и кератинскиот ми се омилени. Штета што тука се многу скапи, а во Косово секогаш на акција ги земам
@marchi-cool @Amelia јас го користев овој на Лореал зелениот, тој за масна коса. Мојата коса многу брзо се масти и на почеток шампонот беше сосем ок. Со овој успевав да не ја мијам и еден ден повише. После извесен период почна да ми го суши скалпот и ми се правеше перут, мислам дека ми стана премногу агресивен и прекинав да го користам. Ова е за тој за масна коса што е наменет додека има и за нормална но тој не сум го користела. @Luminary јас го користев пред некоја година шампонов, многу е нежен и секојдневен. Убаво мириса исто, но доколку имаш масна коса не би ти го препорачала, мене за жал пребрзо ми се мастеше и сплескуваше.
Сакам да земам шампон од Алверде но не знам сѐ уште кој, мојата коса брзо се масти но имам суви врвови и често кога земам шампони за масна коса дополнително ми ја сушат. Ваш предлог?
Истиот проблем со косата го имам и јас, на скалпот мрсна а врвовите суви, долго време се мачев и имам сменето милион шампони, на крај и кажав на фризерката за проблемот и ми рече да си купувам од тие 'старските' шампони од коприва, бреза и сл што се, јас купив од тој од коприва и веќе 2 месеци се мијам само со тој и не ми се мрси толку брзо косата, а за врвовите користам маска за коса од гарниер со мед и прополис, многу мека ја прави косата и лесно се расчешлува. Не си фрлај за џабе пари на скапи шампони не вредат.
Jaс го користев тој за виткана коса и многу се разочарав од шампоното, му давав неколку шанси и се истоот резултат го добивав, малтене како со свинска маст да сум ставала на косата, ми ја мрсеше косата за медал. На крајот шампонот заврши кај татко ми. Повеќе не летам по оваа линија на шампони.
Denes bev da kupam regenerator na Alverde od kosos posto citav deka ste zasovolni ama po greska sum zemala sampon od istata linija no e za suva I ostetena kosa a jas imam masna. Da go korstam ili voopsto da ne probuvam?
Јас би пробала И тој со авокадо е исто за сува, а имам читано мислења од девојки со масна коса дека го користеле. Така да пробај, нема што да изгубиш
@Leat пробај го па да ни кажеш мислење јас сите шампони на Алверде ги имам пробано (освен ти тој што го наведе) и од сите сум презадоволна , а имам масна коса. Некоја да ми каже дали пробала прво да нанесе од регенераторот на коса од Алверде па потоа да се измие со шампон? Каков е резултатот? Биодевојка го имаше спомнувано ова на нејзиниот блог па ме интересира дали некоја го испробала овој начин на миење на косата
Чудно ми е како шампоните на Alverde се органски, а се толку евтини за разлика од други органски шампони на други фирми. Навистина ли се органски? Што мислите?
@koritsaki или било кој Ако може да ми предложите шампон од Алверде. Тој од авокадо ми е добар, 3то шише користам но сакам и некој друг да пробам. Да ми биде мека косата, сјајна, но и убаво да ми го чисти скалпот. Или нема везе, предложете некој од тие што сте ги пробале а сте најзадоволни, чисто да сменам малку
Тој од авокадо јас мислам еднаш го имам пробано ама не се сеќавам како ми одговараше.. Овој го имам користено зошто имав во последно време проблеми со првут и не ми ја сплескуваше косата воопшто. Можеш и овој да го пробаш , овој е за волумен и од него сум задоволна. Јас општо имам тенко влакно , и косата ми е без волумен шампониве ми се одлични
Девојки препорачајте ми шампон кој ја мие косата убаво и не ја прави тешка и замрсена после миењето и мирисот останува.. Досега сум пробала не знам колку шампони, од некои мириса убаво но ми изгледа како некапена од други пак ми е лесна и лелеава но не мириса никако
Дали само на мене не ми одговараат шампоните на Алверде? Ги имам пробано тој со кофеин, за фарбана коса и за перут и од авокадо. Сите ми ја правеа косата ужас. Предложете некој природен кој сте задоволни.