Дали некој ги користел овие шампони на Seinz, прв пат ги видов во Дм, се подумав дали да земам но не ми се познати Има 3 врсти, за темелно чистење на косата е тој црниот, белиот против првут, и уште еден ми се чини за потхранување. Иначе преубаво мирисаат но ме интересира какви се?
Мојата другарка го користи тој за првут и многу и помогнал ми кажа , исто и косата по 4-5 дена не и се мастела ... многу го фалеше сепак пробај
Веќе подолго време го барам шампонот гарниер од алое вера но никаде не можам да го најдам а само тој најмногу ми одговараше за косата..Дали знаете каде да го најдам?
Девојки кој од шампониве го имате пробано да препорачате? Сакам да си земам за на одмор некоја поевтина варијанта која сепак ќе си ја врши функцијата да хидрира и да мириса убаво Лани го земав тој од манго, преубаво мириса но не е за масна коса..веднаш по миењето косата е сплескана а наредниот ден масна
Дали некој знае проверена онлајн страница за козметика, ми треба конкретно за коњскиот шампон Mane n tail? Досега имам порачувано од "lookfantastic", но таму го има малиот, а мене ми треба тој од литар. Доколку знаете страници што имаат шипинг до МК споделете ги, па јас ќе проверам дали ги има шампоните.
Mane 'n Тail го имаат донесено во ДМ, можеш од таму да си го купиш, но иде нешто поскап. Онлајн со шипинг до Македонија го има на iHerb, ама не знам колку е шипингот и дали се исплати.
Дали може да се најде овој низ аптеки? Второ прашање, колку е соодветен овој шампон за тенка коса склона кон опаѓање? На времево побрзо ми се мрси, па се мислам дали да земам таков или сепак да се вратам на Биокап против опаѓање.
Јас го користам овој шампон и забележав дека косата не ми паѓа толку многу, а и ми го забрза растењето.
Здраво ќе ве молам мислење за овие шампони? Ги користат во некој поскапи фризерски салони.Сакам да си купам.