За нормална коса користам исклучиво шампон од коприва најубав е а и ми е препорака од фризерката таа ми рече дека го користи со години и е супер. Го има во шишенце од 1000 мл. за 55 денари го зедов. Шампони кои се прескапи од по 200 денари како што се тие ултра дух се полни со хемикалии и разни штетни работи за косата. Одиме да купуваме скапи шампони не оти демек се скапи па биле најдобри.
Женски ве молам споделете искуство со шампонов се мислам помеѓу овој и тој од ванила исплашена сум што прочитав негативни критики дека добиле алергија некои што го користеле какво е вашето мислење?
Јас го имам користено баш овој со манго и за мојата сува коса е предобар. За тие пари вреди, јас немав никаков проблем. И млекото за коса со манго е предобро.
И јас ги користам и шампонот и балсамот, немам никакви проблеми, дури и најмногу ми одговараат овие производи отколку на пример Лореал, Нивеа, Гарниер итн. Една година ги користам, во ротација со друг шампон, немам гајле.
Балсам за коса користам или на лореал или на гарниер мислам дека оти до сега најдобри резултати ми покажаа околу мојата остра и сува кавдрава коса. Презадоволна сум посебно од колекцијата на лореал последно исто и гарниер не се лоши. Други не признавам иако пробав ама овие од лореал ми се најдобри. Шампоните нивни не ми се допаѓаат. Се согласувам со членките од погоре дека поприроден шампон е најдобар евентуално медицински. Мојава коса не трпи никаков освен горе спомнатите.. Еднаш купив шампон со лук од афродита и никад више. Кожава рани ми беше раскрвавени. Бирајте по природни шампони факт е.
Дали шампониве имаат силикони? Каков им е составот во споредба со тие на Алверде? Или препорачајте некој за волумен од тие во туба на Балеа,би сакала да пробам
Коритсаки не зимај,силикони немаат ама прашав една девојка што се разбира ми рече дека катстрофа е составот посебно сулфатите така да си земав пак на алверде од авокадо и алверде сензитив презадоволна сум од двата Јас се зезнав што купив
Што ќе кажете конкретно за овие два? На акција се во Дм, се чинат привлечни вака. Не содржат силикони
Имаше ли некој шампон за осветлување на косата или грешка сум? Нешто као со миењето станува посветла?
Конопка и уртекрам Космо, во Белина, Сити мол на штандот. Инаку на уртекрам го пробав шампонот, едина мана е тоа што е мала милитража, а 475 денари и не пени многу, ама супер е.
Тие Конопка не ги знам....баш ги побарав на ecco-verde.de од кадешто најчесто и си нарачувам и гледам дека ги донеле како новитет. Од сајтов купувам козметика со години и буквално слепо му верувам, се што продаваат им е топ (нормално од производ до производ има разлика и не секој одговара секому), се им е проверено и како што јас лично претпочитам природно и органско. Ги имаш пробано? За тие Конопка ме интересира, Уртекрам ги знам ги користам долго и сум презадоволна, па би ги пробала и овие ако се добри. Штета што и Уртекрам немаат Anti Hair-Loss линија.
@Svetoslava да и регенераторот е добар, сум пробала скоро се од оваа линија на гарниер но ова ми остави најголем впечаток и нај резултати