не знам искрено мене косата ми ја прави мека и сјајна една негативна ствар е што побрзо ми се мрси косата од кога го користам.
Читав овде позитивни мислења за шампоните на алверде. Се одличив да го купам оној со авокадо и првото миење беше се океј а следните катастрофа. После 2 миење почна главата многу да ме чеша,и денес многу ме чеша. Дали треба да го променам шампонот или ова е нормално? Затоа што прв пат користам шампон на природна база. Овој е шампонот.
Јас мислам дека најубаво е да правиш постепена промена, да не одиш веднаш на нешто природно. Јас промената ја почнав со Орзен, па потоа користев на Гарниер со 5 билки, па дури потоа земав на Алверде, и немав никаква реакција. Така постепено менував на понежни шампони, за да ми се навикнува косата. Од друга страна, не верувам дека би требало толку лоша реакција да има. Можеби содржи некоја состојка која ти предизвикува алергиска реакција, или кожата не ти ја поднесува. Мој совет е да земеш некој друг шампон, овој почувај го додека ти се навикне косата на промена, па потоа обиди се повторно.
За мојава коса освен шампонот од Head & Shoulders со лимон кој ми е некако најомилен иако и другите не ми се лоши , никој друг шампон не ми ја прави косата толку свиленкаста со волумен . Имам пробано секакви други како нивеа , шампони со коприва , гарниер и сл. ама сите некако ми ја улепуваат и не можам ни да ја расчешлам .
Некоја го има користено Ревлон шампонот и спрејчето ми ги препорача фризерката а тука гледам само онлајн ги има.
Искрено не гледам состав на шампони,зошто се фарбам плава и не ми игра улога составот. Долго време го користев на Лореал белиот но овој го купив онака на тепка цената му беше мислам 59 денари и искрено се изненадив.Ко што ми е сува косата и тенко влакното што лесно се кине,шампонов толку многу ми ја омекна и потоа лесно се расчешлува.Конкретно овој е за фарбана коса,а има и други видови баш нареден пат ќе купам некој друг да го пробам дали ќе има ист ефект ко овој. За мирисот несакам да коментирам Пре-кра-сен
Јас постојано користам на Балеа производи за коса. Моментално, се исфарбав сива со плави прамени и го купив оној за сива коса, што му доаѓа како прелив на косата. Преубав е, постојано ми ја одржува бојата. Шампонот не создава пена баш како другите шампони, затоа што намерата му е за да ја одржува бојата на косата. Малку бев скептик кога го земав, но се покажа многу добар. Откако се исфарбав, од бланшот, косата ми стана многу заплеткана и бараше посебна нега. Регенераторот е исто од Балеа, за интензивна нега на косата. Луѓе, мириса на шеќерна волна.. Преубав мирис. Многу е добар, а цената му е само 69 денари. Еве овој е. Има ист ваков и шампон, доколку сакате да го комплетирате сетот, а и мислам дека видов и гел за тело ист.
Од шампоните на Балеа ми се појавува чешање на скалпот Со други шампони не ми се случувало тоа. Сега рекламираат нов со колаген и кератин што изгледа привлечно, ама баш заради таа причина нема да го купам, ќе бидат залудно потрошени пари.
Јас го имав користено но многу брзо ми ја мрсеше косата и не ми даваше волумен , за разлика од тој што е со рицинусово масло пак многу ми одговараше , сепак зависи од типот на косата ..
И јас баш читав мислења за шампонов и го купив ама премногу се разочарав. Уште првиот ден од миењето косата ми изгледаше сплескана и мрсна што ретко ми се случува со други шампони. Имам користено и еден друг шампон на гарниер и истиот резултат го добив. Инаку имам сува оштетена коса.
Да не ја има видено некој маскава за коса? Откако една девојка на имстаграм ја препорача, никаде не можам да ја најдам...