Дали го има шампонов сеуште во продажба? Или овој е истиот? Ве молам за искуства? @Biodevojka дали има добар состав овој шампон? Благодарам : )
Не може да ја има кога нема Rossmann во Македонија. Приватна марка е Alterra на Rossmann. Исто како што не може да се продава Alverde надвор од DM.
Неколку години ги користам овие шампони, измеѓу купам некој како последно од Лореал за мрсна коса и суви врвови, и пак се враќам на овие. Мене ми се покажаа најдобри од сите што ги имам користено, а пробував буквално свашта за мрсна коса.
Јас летово на форумов прв пат слушнав за овој шампон, тој Anti Hair-Loss од Konopka’s и си го нарачав да го пробам. Јас лично бев позитивно изненадена од шампонот. Прекрасно ја измива и ја прави мека косата, дури и регенератор да биде излишен, иако јас сепак си користам. Всушност минатата недела го потрошив. Со години редовно користам Urtekram, повремено пробувам и други, но овој ми се погоди за мојата коса дури и повеќе од некои шампони од мојата омилена марка.
Не мора да значи, масла се користат и за мрсна коса....а колку што гледам на амбалажата пишува за сите типови на коса.
Кој е подобар шампон, тој со лук на Афродита или со лук на Алкалоид? Сакам да ми порасне косата побрзо и знам дека не може да има огромна разлика, но сепак би сакала некое мислење за нив.
Истиот е. Јас еднаш ги споредував декларациите. Составот не е лош ама не е природен. Јас бев задоволна додека го користев.