За сува и оштетена коса овој шампон ми е врв. Го има во Лидл дури се мислев дали да го земам и мислам се усреќив. Шампонот ја прави косата мека и убава, лесно се расчешлува веднаш по миење без да се кубете + убаво мириса. 750мл. Малку гуглав на амазон го имате малку поскап можеби, јас го земав околу 3.50-4.50евра не ме држи сеќавањето. Башка дава волумен кој и онака си го имам. Ќе видам со тек на време како ќе се покаже, но ефектот овие 2 пати ми е феноменален.
ДМ само од нивните производи ги имаат сите врсти/варијанти,а од другиве производители само по неколку врсти.Така приметив.
Јас колку што знам, Lavera во ДМ нема. Во Космо знам има сигурно, барем последен пат кога бев имаше, за ДМ речиси сигурна сум дека нема, или барем ја нема во делот на природна козметика (кадешто би требало и да биде сместена ако ја има). Баш и се чудев минатиот пат кога бев во МК, дека ДМ како Германски ланец, нема ниту еден Германски бренд (освен сопствените марки секако), а баш во Македонија некако Германските брендови на природна козметика се најзастапени. Имаат нешто на Natura Siberica и Olival. Многу сиромашен избор, за жал. Се надевам дека ќе се смени во иднина, од цели маркети по 200 квадрати, катчето за природна козметика едвај е еден метар широко.
Верувај, далеку од сите врсти ги имаат, дури и од нивните (пример Алверде). Најубавите органски производи од Алверде баш ги немаа, кои се впрочем хит во Германија.
Мислев претежно на шампоните,но и менуваат. Ќе донесат нешто,ќе го има неколку месеци,па оп,после не и друго носат. Бев во ДМ,баш ми текна да видам кај шампоните,нема Лавера. Види си во Космо Тинекс.
Мене ми се катастрофа, последен пат дадов шанса на зелениот за мрсен скалп и суви врвови, косата не можам да си ја оправам, никогаш повеќе нема да посегнам по нив. Го земав последно регенераторот со арган што е за сите типови коса, па ќе видиме како ќе се покаже.
@poppie Ти ме праша за шампонот Garnier Fructis Grow Strong Fortifying Shampoo со арома на јаболко. Вака,по прва употреба,ми делува ок.Убаво ја мие косата и стварно мириса на јаболко. По повеќе употреби пак ќе пишам.
Здраво, дали некој од шампониве е со добри состојки? Доколку не може да ми кажете некој за сува коса? Фала!