Јас имам исто како тебе, тенко и право влакно, со нормална густина и мене лично, не само што ми е омилен брендот Urtekram, туку и навистина за мојата коса се нема погодено подобар шампон од Green Matcha линијата. Откако го извадија минатата година, буквално не сакам да слушнам да го сменам. Инаку си го нарачав од ecco-verde и овој на Konopka’s против опаѓање и искрено не беше лош, но мене лично ми ја масти побрзо косата од овој на Urtekram. Сепак до некаде е и индивидуално, на кого како ќе му се погоди. На мајка ми на пример тој од Konopka‘s и одговараше ептен.
Јас во Германија живеам и од тука си го купувам, инаку кај нас го има онлајн и во дрогериите Космо, во ДМ ги немам видено или по маркетиве... https://www.bellina.mk/mk/green-matcha-шампон-за-коса-од-зелен-чај-мача-250-мл
Има ли кај нас шампон со добар состав, со јаки сулфати (SLS, ALS), ама без силикони? Само да не биде Афродита литарскиот.
Oваа колекција ја добив на поклон и е против опаѓање на косата.Мојата е фарбана и сува коса.Нормално ја мијам на 3 дена, со овој шампон после бањање косата изгледа мрсна.Не го препорачувам.
Мене лично не ми држи солидно до следно миење , а ја мијам 2 до 3 пати неделно , заборавив шампонов ми дава многу убав сјај
Јас ја користев цела колекција со регенераторот и маската . Имаат убав мирис , многу убава ми ја правеа косата мека и сјајна , не ми ја мрсеше , бев задоволна со оглед на цената
Некоја да не го видела шампонив низ Скопје во брзо време? У Зегин го нема веќе 2 месеци у ДМ подолго. Нема поголем баксуз од мене, конечно да погодам шампон и за брзо да го снема.
Ма ни од кокос го нема више Јас година дена го користам сигурно, У ДМ го земав кога е на попуст а иначе од Зегин го купував, ама ми кажаа дека го немале на залиха више. Абе ми се плаче