Го купив на наналение од ДМ.Ми изгледаше примамливо на 50% попуст плус 520мл.Сеуште немам почнато да го користам.Искуство некоја??
Убави се и двата, но сепак би го избрала вториот. Лично поубаво ми мирисаше и ми правеше поголем волумен. Првиот е фин, но не ми беше нешто посебен.
Диплона (Diplona) шампонот каде го имате забележано последниов период? И цена ако сте забележале од истото место
Се мислев дали да го ставам шампонов во тема "Омилени производи" или "..кои не би ги купиле повторно". Заслужи да биде споменет ама ме остави со поделени мислења. Како плус е тоа што навистина косата по миењето ми беше премека, негувана, и немаше потреба од дополнителни млека и регенератори. Како минус, не правеше воопшто пена, требаше многу производ за да се осети дека воопшто сум ставила шампон. Исто така содржи некои топчиња кои прават како пилинг на кожата на главата, и беше малку чудно и потешко за измивање. Пред овој користев уште еден шампон од Лавера, мислам со портокал беше, бел со виолетово капаче, и бев многу задоволна. Убава ми ја правеше косата, сјајна и имав преубав волумен. Исто да напоменам дека многу нова коса почна да ми расте од кога ги користам шампониве. Сега купив од Др.Органик, ептен ми беше мерак да ги пробам. Имам големи очекувања, па ќе видиме.
Каде ги има? Како им се цените? Јас од Insight сум задоволна, а ми фаќаат око и неколку од Bellina. Исто и за Baby Love од ДМ читам пофалби, дека има супер состав и е нежен со косата и кожата на главата.
Генерално органските шампони многу помалку пенат од другите што имаат хемиски состојки. Тоа не е показател дека шампонот не е квалитетен, баш напротив! И при првото нанесување, нормално е дека помалку ќе пени, затоа што косата е сеуште валкана/мрсна. Пробај да нанесуваш при секое бањање, по 2 пати по малку. Ќе забележиш, дури и шампоните кои се органски и кои малку пенат, како при второто нанесување (за време на едно бањање) има повеќе пена. Исто така, обиди се да нанесеш малку шампон на дланката, стави му малку вода и протриј го со дланките пред да го нанесеш. Така уште одма ќе почне да пени повеќе, отколку директно да нанесеш шампон без вода на косата... Многу често ги базираме своите очекувања од производите, на искуствата стекнати од комерцијалните брендови/производи. Сепак, треба да имаме на ум, дека кога се користи органски производ, не може да се очекуваат исти карактеристики, како оние полни со хемија. Шампоните кои јас ги користам и ми се омилени, се исто така органски и речиси воопшто не пенат при првото нанесување. Генерално многу помалку пенат од комерцијални шампони, но имаат прекрасно измивачко дејство и буквално ја препородуваат косата. Барем јас имам такво искуство.
Јас ги купувам од Holland and Barret. Околу 9 евра се, ама многу често има акција 1+1 гратис. За во Мк, не знам дали ги има некаде, ама мислам дека може да се нарачаат од Ecco Verde. Овие од ДМ ги немам пробано а ни Белина. Овде немам ДМ, па ми се отвори шанса да пробам нешто ново Благодарам на советите @eva993 Сега го потрошив веќе, ама ако го купам пак ќе го имам ова во предвид. Но и за споредба, и другиот шампон од Лавера што го користев правеше малку пена, но дефинитивно повеќе од овој на сликата, затоа ми беше малку чудно. Во секој случај, многу подобар избор е како шампон, од сите други кои содржат агресивни состојки и го иритираат темето. Самиот раст на нова коса кажува многу за овие шампони.
И јас не купувам најчесто од МК, бидејќи живеам во Германија и сум зависник од Ecco Verde. Не знам колку плати имам оставено на сајтот. Инаку Urtekram ми се тие што ми се мене омилени како бренд, особено за нега за коса, а од скоро на моја особена радост, видов дека ги донеле и кај нас. Инаку сите Германски исто така ги имам пробано (меѓу кои и на Lavera), одлични се, нема збор, но за мене лично, нормално базирано на мои искуства, ненадминливи се шампоните на Urtekram.
Од кој шампон на Urtekram конкретно си задоволна? Каков тип коса имаш и какво влакно? Јас имам сува коса, високопорозна и средно накај дебело влакно, па сè што има протеин од шампон и маски ми фаќа око. Иако, баланс од хидратација и протеини е неопходен за здрава коса.
Имам тенко влакно и бргу ми се мрси косата. Иако од сите сум задоволна, од 2 производи сум генерално презадоволна...шампонот од зелен Мача чај и спреј кондиционерот од рузмарин (пред сѐ е многу практичен).
Лавера мислам дека може да се најдат во продавницата Логона карши Центар бар на Рекорд, до Леонидас. Јас лично се двоумам меѓу шампоните на Уртекрам и Planeta Organica, ќе нарачувам од сајтот на Белина, и стварно не знам кој шампон да го земам. Ми треба за волумен и хидратација на влакното, оти имам тенко, лесно кршливо влакно, кое некако ми се пресушува во зима. Продавницата ми е далеку да одам на лице место да видам, а на штандовите ко да ги немаат избор.