@Hipster Ако го најдеш шампонот од Арган те молам пиши и јас очајно го барам А искуства со овој ? Денес го купив ако не чини ич да не го почнувам
Јас го купив пред некое време, но приметив дека ми ја мрси и ми ја сплескува косата, а мојата ионака е тенка и без волумен.
Не сум ги купувала од Мк, не сум баш сигурна. Еве @Annath пишала погоре: Евентуално да провериш и во Космо или некоја од поголемите аптеки, ако имаш во близина.
https://www.lavera.de/produktdetail/volumen-kraft-shampoo-1919/ Конкретно за мојата проблематика од овој памтам дека бев задоволна. Но, го немам користено веќе 1-2 години сигурно. Се преориентирав.
Дали имате користено некои од OGX шампионите? Од кокос, Арган... ? Дека гледам не се баш евтини али ме интересира дали вредат за парите
Сум го користела само од Арган и е преубав! Порано во Дм го купував, но во последно не го гледам,сега незнам каде го има
Јас го имам користено тој со кокосова вода. Не знам дали го има кај нас затоа што ми го носеа од Америка пред некои 3-4 години. Проѕирно е шишето, има слика од некои растенија. Преубав ми беше шампонот, формулата баш погодена за да не ми ја разлетува косата, ниту пак тежок да ја прави сплескана и затестена. Мирисот фантазија, негата супер, ама ми се засити косата и го баталив. Други немам пробано, а баш би сакала да го пробам овој од кокос на пример.
И јaс oд aргaн ги кoристaм шaмпoнoт и регенерaтoрoт и ми се пре убaви, регенерaтoрoт имa ефект кaкo oние штo идaт сo фaрби и јa прaвaт кoсaтa кaкo свиленa и вooпштo не се рaзлетувa, згoрa нa се мирисaaт пре убaвo пa зaтoa си купив и купкa и лoсиoн зa телo oд истaтa фирмa. Еднaш имaм и oд кoкoс земенo истo кoсaтa ми беше пре убaвa нo не ми мирисaше убaвo.
Да ве прашам девојки, дали е неопходно за нега на косата да се користи регенератор? Дека јас само шампон користам, па си велам да не треба нешто плус да додадам. Иначе нормална ми е косата, не изгледа суво ниту мрсно.
Па можеш регенератор ќе ти биде косата поубава,помека и ќе ти се чешла лесно. Јас го користам моментално на гарниер со мед преубав е
Најубаво е ист бренд да биде и шампонот и регенераторот. Богами и цела иста линија да се купи за нега, комплет и со маска и третман и се. Е сеа нормално така е поскапо и помалку исплатливо. После долго експериментирање си направив комбинација која си ја користам. Шампон и регенератор од Орзене. Маска за коса и спреј на Калос, некогаш и Глис спрејот. Третман користев лореал во туба, силвер шампон од експертија, не знам што бренд ми се капките и течните кристали ги земам од локална парфимерија. За косата да не ми се презасити од ист шампон, некогаш земам од Афродита големите пакувања. Дополнително за првут користам Ultrex шампон.
Од овој сајт производите стигаат за околу 2 недели. И гледам дека не сум се изразила убаво во постот, сум сакала да кажам дека имам нарачувано други производи од овој сајт, а не шампонот конкретно.
Не се изложувај на трошоци да го нарачуваш од странство. Токму тој литарскиот, го има во продажба во Чаршија во една продавница за Арапска козметика и на сам Битпазар на автобуската еден дечко има како тезга, и кај Зегин на самиот ќош, друг еден го има истиот шампон и козметика.