Бесплатна достава има, шампонот и регенераторот за 12 евра се заедно на попуст моментално. Зборам за тој од 355ml. Литарскиот која цена е да не знаеш овде?
Здраво на сите, нова сум на форумот и не знам дали ова порано е дискутирано. Сакам да прашам дали некој го пробал оној рецепт за шампон што си го подготвуваш дома: Афродита шампон од лук во кој се додава Пантенол раствор Масло од рицинус Капки од коприва и АД3 витамински капки (воден раствор) Какви се искуствата и дали одговара за сува коса?
Јас,има ефект ама ако имаш сува коса треба некоја појака маска да ставаш дека ќе ти ја пресушува+ некое масло ставај
Фала за одговорот, маска или масло обично ставам на малку навлажнета коса едно саат време пред да ја измијам, тоа до некаде ми помага со исушувањето. Проблем ми е да најдам добар шампон, имам многу коса ама ептен тенко влакно па хидратантните шампони ми ја сплескуваат. Дали треба да се користи подолго време за да се види ефектот?
Косата е мека прелесно се рашчешлува ама мене не ми одговара бидејќи локните ми ги снемува , другото е супер
@senza.parole мислам дека ти ме прашуваше за шампоните на Planeta organica од Белина. Го имам од баобаб, ок е. Не пени многу, ама ја мие косата убаво, не се плетка многу ако не ставиш регенератор. Првично го купив за зајакнување и згуснување на косата, ама за тоа мислам е уште рано да кажувам. Макар што помалку ми паѓа од пред да почнам да го користам. Ама го користам заедно со шампонот против опаѓање на Конопка, па веројатно ефектот е од двата шампони. Не ми ја мрси косата, и тоа ми се допаѓа, оти содржи масла. Волумен не дава баш.
Не се разбирам толку за коса, но за регенератор можам да ви го препорачам овој: Ми трае месеци, а не го штедам ич. Како што вели пакувањето, имам долга (права) коса склона на метил, а овој регенератор навистина ми ја прави косата лесна за чешлање после тоа. Го најдов во Веро.
Во кое Веро го купи? И дали знаеш каде на друго место би можела да го најдам? Го немаше во Веро вечерва, или јас напразно зјапав и не го видов..
Дали некој знае нркоја онлајн страна, ми треба конкретно за коњскиот шампон Mane n tail? Еднаш порачав од "lookfantastic", и го потрошив малиот, па сакам да го купам тој од литар. Доколку знаете страници што имаат шипинг до МК или конкретно шампонот во МК од 1л кај го има пишете ми. Барав на Битпазар и во чаршија немале од литарските
И шампонот и балзамот за коса ги има во ДМ маркет, не мора да порачуваш онлајн...прво побарај тука па ако ти изгледа дека е истиот по амбалажа и состав...мислам дека има големи пакувања, од 500мл или 1л беа.
Предложете ми некој шампон,за мрсна коса и да дава волумен (не барам кој знае каков волумен,ама да не ја сплескува).