Дали се купуваат од дрогериите детокс шампони, што ги има наводно само за професионален третман во салон, и предлог за некој?
Здраво. Имам суви врвови, но мрсен корен. Користам шампон од глис, но денес ја мијам косата, утре мрсна. Би сакала барем два дена да издржи. Сакам да го сменам шампонот па се мислам за синиот од Лореал. Дали некоја го користела и како сте задоволни? И за истиот регенератор како шампонот, се мислам дали да го земам. Искуства?
Искрено не баш, многу ми ја заплеткува косата и ми ја суши. Со регенераторот е подобро. Веќе некое време ги користам, искрено немам видено некој резултат посебен (зборам за растење). Многу ми ја мрси косата. Денес ако ја измијам веќе утре ми е мрсна (ова никад не ми се дешава со други шампони). Не сум сигурна за тоа дали ке купувам пак.
Убав е но не е долготраен шампонов,на почеток убаво ќе ти ја мие косата а после само повеќе ќе ти се мрси.Нешто со лимон пробај и секако без хемикалии
Најдобар шампон досега од Уртекрам со скандинавски бобинки. Косата никогаш не ми била посјајна, помека и пред се скротена ми е, не е разбушавена. Имам густа, долга коса, брановидна. Овој најмногу ми се погоди досега. Го земав и со лаванда, да го пробам и тој. Исто за сува коса е.
Долго време сакав да ги пробам шампоните на OGX, и дури се решив не можев да ги најдам никаде освен во зегин каде што го имаше само coconut water shampoo. Добро е тоа што косата е мека, но од друга страна ми се мрси побрзо. И за структурата да се пожалам многу е густ и потешко некако се размачкува би можела да го споредам со гел и тоа не ми се допаѓа. Се надевам не се сите исти па би дала шанса на некој од другите видови.
Мене не ми се свиѓа ич, купив комплет со маска и тоа млеко што и да е катастрофа ми ја правеше косата , ама зависи кај секој е различно.
Овој на Tigi , го користам заедно со маската од истата линија, одлични се поготово маската доколку имаш сува коса. Само во Мк не знам каде би можело да се најдат Tigi производите, ако знае друга членка нека пише