Зашто се смееш? Дека не е добар или? Се сомневам дека ќе ми одговара, затоа што им ги имам пробано скоро сите нивни шампони и баш маската од авокадо... Не сум воодушевена, ми ја тестеше косата. Алверде не ми се на будучи список за препарати за коса, за жал Се мислев на регенератор од Пантен да го земам
Џинџер, можеш и овој да го пробаш, не е лош, долго го користам. Мислам дека имаше и едно слично вакво како во шише со пумпица, читав позитивни коментари и за него, но не сум го пробала конкретно тоа.
^ Тоа е спреј за расчешлување, го користам и многу сум задоволна. Ај ќе го земам регенераторов. Данке
Јас да го надоврзам нашиот муабет над твоето прашање....Уртекрам можеш да ги пробаш, сигурно нема да згрешиш. Во зависност од тоа каков тип на коса имаш, има повеќе видови за различни намени.
Не знам дали е препорачан веќе, ама Creightons - Beautiful Brunette ми направи чуда со косата. Имам природно лелеава густа коса и обично ја исправувам, оттаму и често ми е сува. Регенераторот особено е предобар, ми го врати сјајот и мазна ми е косата. Ова го кажувам по години лутање по добар шампон и регенератор.
Знае некој каде може да се купи посебно регенераторот од гарниер фарбите за коса? Многу е добар чудо ми направи на косава од едно ставање.
Здраво Сакам да прашам дали некој има порачувано од оваа страна некој шампон и ако може да сподели искуство Благодарам однапред
Девојки, дали некоја го користи овој шампон и како сте задоволни, дали помага? И општо, како сте задоволни од Dr.Konopka'S?? Гледам доста ги купувате производиве, па сакам и јас да ги пробам, ве молам за искуства
Јас го користев , за опаѓање не ми помогна . Не е лош шампонот , ја чисти косата , мене не ми ја сушеше но кај некои девојки знам дека им ја сушел косата , волумен дава средно . Не е лош но не е ништо посебно
Јас моментално го користам, досега сум задоволна, лесно ми се расчешлува косата отпосле и не ми паѓаат влакна како порано, а претходно зелениот шампон со рузмарин го користев, но тој ми ја мрсеше косата, овој ми е океј.