Не ми остави никаков посебен впечаток колку што се сеќавам. Океј производ, не ми ја пресуши косата ама како да ми ја слепуваше малку на коренот па немав баш волумен. Субјективна оценка 6/10.
Може да ми препорачаш некој шампон што ја омекнува косата,дава сјај ама да не ми ја мрси дополнително дека мрсна коса имам. Иначе го користев на ганиер со арган супер ми одговара ама сакам да пробам нешто друго,освен алверде
Зимата го користев.Го купив дека ептен беше фален ама ич не ми се погоди,некако тешка си ја осеќав косава
Мене лично ми се допадна овој, убаво ја чисти косата без да го имаш она чувство на squeaky clean. После користење косата е мека и измазнета некако.
Во ДМ има на Балеа таков шампон во црвена паковка и чини 59денари.Колку е ефикасен не знам, но знам дека брзо се троши.
Колку пати во неделата нанесувате регенератор и дали по цела должина на косата или само на врвовите? Многу ми се мрси косата па затоа прашам каде грешам.
Нанесувам секојпат кога се бањам, но не нанесувам на скалпот, значи некаде од половина надолу. И мене ми се мрсеше, па прочитав вака дека е добро да правиш и сега нормално ми се мрси .