Здраво, ја избланширав косава и на фризер ми искочи топ, ја измив дома со шампон и маската кератинска на калос, ја исфенирав ама катастрофа е.. мали влакненца штрчат на сите страни и изгледа ептен суво, а користам спреј за заштита од топлина.. препорака за некоја маска, спреј било што за пак да ми изгледа мазно и убаво? Фризерот ме прскаше пред фенирање со некаков stay in регенератор ама не запамтив име. Цената не е битна само да не шетам како нечешлана во главава!
Ана видов си пишала за регенераторов, па ако сакаш збор два за споделиш, дали ја прави мека и сјајна косата?
Да да, доста ја омекнува и дава сјај ама не го користам често затоа што содржи силикони а гледам да се придржувам колку што можам до "полесни" производи и да не ја оптеретувам косата. Од регенераторов и шампонот од истата линија ставам кога планирам да ја пеглам косата затоа што ми ја прават полелеава и некако потешка, најверојатно ради силиконите.
https://www.tiande.mk/kosa/snake-factor-mask-detail Некој да не ја има користено маската или било што за коса од Тианде да ми каже искуство?
Ми треба ваша помош затоа што не можам да најдам screenshot во телефон Сега брзо во некоја од темиве за коса,некоја девојка напиша за Шампон на Белина (како за беља не ми текнува ни точно кој бренд) дека многу и помогнал. Може ли да се сети некој?
Го купив овој пред неколку години, за џабе фрлив 400 и нешто денари. Ова е нешто како маска за негување на руса коса, не е силвер силвер шампон. Ако сакаш од оваа марка имаш помало виолетово шишенце и тоа е силвер.