Здраво драга секако. Од сѐ што сум пробала досега три шампони ми оставија преубав впечаток: 1. Оливал со лимон и рузмарин: овој шампон е наведен како шампон за масна коса, ама поради рузмаринот според мене има и зајакнувачко дејство. 2. Др. Конолка шампон против опаѓање: ова е специфичен за таа проблематика. 3. Органик Шоп шампон со глина.: можеби еден од моите најомилени. Се вика blue lagoon така нешто со глина и морски алги. Многу ми се допаѓаше ефектот врз косата. Кога станува збор за опаѓање на косата би се концентрирала на додатни третмани за оваа проблематика. Мој совет ви е да купите масло до семки од тиква и етеричо масло од рузмарин и во 50 мл. масло од тиква да ставите од 7 до 10 капки етерично масло од рузмарин. Со оваа смеса се масира само коренот (блага масажа на сув корен и се остава најмалку 15 до 20 мин.) пред секое миење. На тој начин не само што се подобрува циркулацијата и се зајакнува влакното поради етеричното масло од рузмарин, туку и се прави регулирање на вишокот на масти на темето на косата. Пробајте. Поздрав.
Девојки, препорачајте ми шампон кој не ја сплескува косата, и дава волумен и во исто време е мека на допир. Почна да ми паѓа еден период и го земав од лук на афродита ама ја осеќам дехидрирана дека ми е и сува.. Читав многу предлози ама одамна па викам да видам што ќе ми кажете сега, и какво ви е искуството со пантен, гарниер, алверде?? Значи битно ми е да не ми ја лепи и секако да не ми паѓа косата од него. Тенкју
Последното е маска, ама искрено бев презадоволна. Спојлер: слики Од Алверде имаше еден за волумен, сум го пробала и ми беше океј, гледам има и спрејче од истава линија. Спојлер: слики
Здраво девојки, веќе подолго време барам некој продукт што ќе ми ја разубави косата...ниту ја имам фарбано, ниту ја пеглам и сушам со фен редовно, дали 1 месечно некогаш ни толку, на сонце ретко сум, шампони секогаш користам подобри имам повеќе сменето ама косата ми е толку сува, толку грда и разлетана...некој што има искуство па да ми препорача некој продукт?....
Пробај ја маската на Калос про ток, сега ја донесоа во ДМ и е на попуст. Јас сум многу задоволна, ја прави косата многу мека.
Кажи ми што досега си користела и веднаш ќе ти кажам дали биле со силикони или не. Најнапред смени ги шампоните земи што поприродни можеш, остави влакното да се исчисти од силикони и дури тогаш ќе има поента правење на маски и маслени третмани.
Head and Shoulders без conditioner најголем дел од времето и исто имам користено nivea шампон, ама си имам многу проблеми со скалпот....
@Biodevojka ако може мислење за шампонов Глис колор. Втор пат го користам и баш ми одговара. Ме интересира за состојките.
Драга не е природен тоа со сигурност може да ти кажам. Меѓутоа формулата е избалансирана не е агресивен и би можела како производ да го ставам во категорија преодни шампони од силиконските кон природните. Знај дека има многу подобри формули на пазарот ама сепак подобро ова отколку силикони тоа сигурно. Драга Head and Shoulders како формула се многу агресивни имам видено неколку (кога ме прашувале за совет) и воопшто не ми се допаѓаат. Нивеа поголемиот дел се на силиконска база. Ете зошто имаш сува и безживотна коса. Смени го шампонот и сѐ ќе се среди.
Фала ти за одговорот. Ако може твоја препорака за природен шампон. Најголем проблем ми направи Хед ен шолдерс. Главата ме чешаше и ми создаваше многу првут. Освен Глис и Гарниер Фруктис, друго ништо не ми одговара.
До кај 300 мкд дефинитивно шампоните на Алверде кои се навистина сите многу убави, За сува коса би ти го препорачала оној со авокадо. Еден шампон кој го користев лани и премногу ми се допадна е оној на Ома Гертруде околу 260/270 мкд за сува коса со регенеративно дејство. Преубав е.Јас го имав заедно со балсамот од истата линија. Еве го Organic Shop шампон за сува коса од маслинки овој летово го имав заедно со тој од алги само овој и го дадов на сестра ми која има посува коса и премногу беше задоволна. Цената е околу 300 Dr. Konopka го користев лани летото само го користев тој против опаѓање и многу бев задоволна. Кошта 360 мкд ама пакувањето е од пола литар така да вреди. Еве го Ти дадов доста предлози одбери што тебе најмногу ти се допаѓа. Поздрав.
Фала ти многу. Баш пред некое време го разгледував шампонот на Алверде. Во ДМ бев. И се мислев дали да го купам. Слушнав поделени мислења. Морам да ја оправам косава. Од често менување на шампони ја упропастив.