Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. Ladyy*

    Ladyy* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Искуство дали некоја го има користено шампонов од Tiande?
    И дали делува на оштетена коса.:) unnamed.jpg
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Јас го немам користено ама ако ми оставиш декларација ќе можам да ти кажам нешто повеќе
     
    На Ladyy* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    @beautys20 моментално го користам,за волумен немам нешто приметено дека прави ама убаво мириса, нежен е, убаво ја мие косата ама секако ќе ти треба да ставиш регенератор или маска после тоа. Од овие алверде шампониве косата ми расте како луда скоро од сите сум задоволна освен од тој со кокос не пени баш.
    @Biodevojka што мислиш за регенераторов на Балеа? Во ред ли е составов? Го купив ставив еднаш и убав е ама ме интересира составот :)
    DED88CE3-EDA0-4029-AF26-1FF6958F354B.jpeg
     
    На Biodevojka и beautys20 им се допаѓа ова.
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Убава е декларацијата. Бехетримониум хлорид иако не е комплетно природен јас го сакам не е штетен и прекрасно ја омекнува косата, потоа има пантенол, масло од арган, кератин и што е најважно системот на конзерванси е природен....Навистина ми се допаѓа. Ова е на Балеа? Не сум го забележала.
     
    На beautys20 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Да, овој е :) 99 ден. Инаку ти благодарам многу :l:
    9D4938EB-0924-47B2-A9E1-15A846CF490A.jpeg
     
    На душленце, koritsaki, Кена Рис и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Го ставам на листа на балсами за препорака, а може да го земам и за проба. Фала ти многу што ми го покажа.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Vidi go i toj na Balea so vanila i bademovo maslo :)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Шампони на пантен, да или не? Земав од алверде воопшто не пенат, мислам дека цел ќе го потрошам до десетото миење.. И балзамот од алверде не ми ја омекнува доволно.. Барам шампон неколку месеци никако да си најдам :whew:;(
     
  9. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    859
    Screenshot_20200914-123134_Instagram.jpg 20200914_174555.jpg

    @Biodevojka
    Би сакала да се консултирам,фарбана ми е косата,сега е израснато фарбаното останато е малку на краевите и сакам да ја пуштам мојата коса,моментално ми е сува и без сјај. Кој од овие 2 шампони е подобар? До сега ја миев со хед анд шолдерс ама сакам да поминам на чист состав. Благодарам


    Сега прочитав дека и на Уртекрам ги фалат многу шампоните за сува коса.. можеби таков ке земам..
     
    Последна измена од модератор: 14 септември 2020
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга мене лично и двата ми се допаѓаат. Можеби за нијанса повеќе Др. Конопка. Како марка генерално ја обожавам. Точно е и на уртекрам се прекрасни особено оној детокс со зелен чај. Тој ми е фаворит.
     
    На Рапунзел.* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    11.473
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka
    Ќе може една препорака за мене?
    Имам многу густа коса, не ми е ни сува ни мрсна нормална е, барам шампон да ми ја направи сјајна и мека, ама не до степен да ми е сплескана, туку сакам и волумен. Глисс жолт на пример ми ја прави убава, ама барам некој природен, цена до кај 500ден.
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга секако дека може.
    1. шампон со нордиски бобинки на Уртекрам го користев лани и бев доста задоволна има убав ефект врз косата. Околу 400 мкд горе долу.
    [​IMG]
    Ја имам тенко влакно и не користам многу балсами па еве го ефектот од шампонов кај мене (на времето кога бев плавуша)
    [​IMG]

    2. Ома гертруде шампон го користев пред две години и ми се допаѓаше ефектот врз косата. Иако пишува за сува може слободно да го земеш затоа што храни и дава убав сјај. Околу 260 или 270 мкд.

    [​IMG]

    еве го ефектот од овој шампон кај другарка ми (заедно се шлакавме со маски и што се не во Рим)

    [​IMG]

    3. Алверде шампон за волумен со бамбус

    [​IMG]

    Од овој за жал немам слика од ефектот, ама мора да кажам дека генерално алверде се убаво формулирани. Ја оставаат косата мека и убава. Ито така и тој со кафеин даваше многу убав волумен еве за кој станува збор

    [​IMG]

    Алверде се некаде околу 150 или 160 мкд.

    Еве пробај некој од овие четири секако одбери ти самата што најмногу ти се допаѓа. Намерно ставив и слики од употребата на шампоните за да видиш горе долу каков е ефектот. Секако сите сме различни, па се надевам дека она што ќе го одбереш ќе ти биде баш по мерка.
     
    На koritsaki, eliesaab и MarigoldA им се допаѓа ова.
  13. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Изгледа само мене алверде не ми одговара :( шампонот тешко пени, морам да ставам дури 3 пати на секое миење, а балзамот воопшто не ми ја омекнува.. Да пробам со друг балзам?
     
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Кој го користиш на Алверде? Смени го не помагаат баш многу
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е секако ако не ти одговара смени. Многу е важно и како ја миеш косата. Најправилно е шампонот да не се нанесува директно на темето на главата туку претходно малку да се раствори во една чашка. Стави мала количина од шампонот (онаа што би ја користела кога би ја миела косата) и додади малку вода околу 2 до 3 прста вода. Убаво измешај и ова се нанесува на влажна коса. На овој начин прво шампонот е поблаг бидејќи е малку растворен и е подобро за темето на косата, а второ пенливоста е подобра бидејќи веќе во контакт со водата пени. Ако сакаш има многу други убави шампони кои може да ги пробаш и кои не се премногу скапи на пример оние кои веќе ги напоменав на Ома гертруд270 мкд , Уртекрам околу 400, Др. Конопка 380 мкд...не мора да биде алверде секако. Кај мене на блог за поголем дел од нив ќе најдеш рецензии о објанување на декларацијата со слики од ефектот секако. Пробај, смени можеби ќе ти биде подобро. Поздрав.
     
    На koritsaki и Dodo1 им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Со кофеин, овде прочитав убави препораки ама ништо.. Се мислам на пантен да земам да пробам
     
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Мислев балзам користиш на алверде дека тие стварно не помагаат а шампоните мене ми се ок.
    Од Алверде најдобри шампони според мене се од авокадо и кива. Но ете можеби не ти одговараат. За пантен имам читано дека многу им паѓала косата и дека се доста агресивни. Ако сакаш нешто по природно пробај ги и на Балеа шампоните јас користев еден со алое вера воопшто не беше лош. Мене лично шампони со силикони не ми одговараат затоа што косата брзо ми се мрси во корен а надоле ми е сува и безживотна, тешка и брзо ми се заситува и ги избегнувам.
     
    На Luminary и Biodevojka им се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    И јас тврдам за алверде авокадо...најдобар од целата нивна линија.
    Балеа шампоните според мене се идеални како преодна козметика. Кога сте подготвени да од комерцијална козметика преминете на природна и органска без да ве фати депресија кога ќе ја видите косата откако ќе ги исчистите силиконите. Балеа не се комплетно природни, ама што е најважно немаат силикони и ми се допаѓа системот на конзервирање. А гледам дека во последно време ги прилагодуваат формулите кон што поприродно. Една членка на форумот ми покажа балсам од Балеа (не ми текнува која девојка беше) и да ви кажам преубав состав со одлично омекнувачко дејство.
    Инаку драга секоја чест го опиша точно дејството на силиконите врз косата...:clap:
     
    На Dodo1, Kimberly11 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Значи следно купувам балеа фала ви, ќе пишам како ќе ми одговара
     
    На Kimberly11 и Biodevojka им се допаѓа ова.
  20. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Балеа Профешнл, во туба што се земи. Другите се ужас
     
    На Dodo1 и marija305 им се допаѓа ова.