Драга формулата е избалансирана, иако не е воопшто природен. Малку е празен како формула од аспект на екстракти и масла освен мслото од арган кое е во многу мала количина. Лошо нема да ти направи (како што кажав избалансиран е) ама може многу подобри и пофункционални производи да најдеш (во зависност од потребата). Поздрав
Го видов пред некој ден по многу прифатлива цена... Го има ли некој користено и како сте задоволни? Инаку косата ми е нормална/сува.
Јас го имам пробано, подобро земи си од Афродита или од тие малечките пакувања (не можам да се сетам од која фирма беа). Од Фармаси ниеден шампон не е како што треба, а имам неколку испробано. Конкретно за овој од лук, многу ја мрси косата, не мириса убаво и апсолутно ништо позитивно не видов. Ни во раст, ни против опаѓање. Види што ќе ти кажат од други, ама од мене НЕ.
Дали некој го има користено шампонов и дали е со смирувачко дејство на скалпот? (Скалпот ми е црвен и ме чеша секаков шампон употребив плус ми е испадната пола коса )
Пробав некои косата уште толку ми ја сплеска, нови влакна нигде , со кокосово масло уште толку би ми ја мрсила Знам проблематична сум со косава ,можеби и крајно решение ми е перика
Мене почна од водата тука многу да ми паѓа косата, а имаше период кога ми се лупеше од што му беше суво кај скалпот. Сега еднаш неделно ставам најраслични масла и гледам да не ја мијам многу често, сега е како поарна.
Испитај прво каков проблем имаш со скалпот. Да не требаат лекови, па после ќе ја средиш косата. Со иритиран скалп и пробување на разни шампони нема да направиш подобро. Нека те види дерматолог, да ти даде дијагноза, и да ти препише соодветна терапија. Додека не го средиш скалпот, косата ќе ти биде проблематична.
Мислам дека ти пишав претходно, а може и на друг сум пишала. За себорејата, само Blue Cap. Ќе се среди скалпот за екстра брзо време. Ќе немаш, црвенило, чешање и корупки. Кога ќе завршиш со него, може каков сакаш шампон да користиш. Ако ти опаѓа, или коњскиот шампон од ДМ или Bioxine forte. You'll thank me later. Со години ќе бидеш раат. Ти кажувам од искуство. Пробај, ништо не губиш, само ќе добиеш. Навистина е ефикасен.
Терапија не ти препишаа? Немам искуство, ама мислам дека има соодветна терапија за истото. Кога тоа ќе се реши, и косата ќе се среди.