Дали ако преминам од шампони со силикони кон поприродни шампони како на пример Алверде од авокадо за кој што читам позитивни искуства или пак Уртекрам или др. Конопка итн косата ќе ми се мрси почесто од вообичаено? Ќе ја означам и @Biodevojka.
Јас го користам заедно со маската и сум презадоволна , само ако имаш коса која брзо се масти не би ти одговарал
Здраво драга преминот кон природна козметика ќе биде најголемиот подарок кој може да го направиш за својата коса. Во зависност од тоа какви производи си користела и колку често и во колкава количина, ќе зависи и периодот на чистење на косата од силикони. Во прво време ќе ти се чини дека состојбата на твојата коса се влошува и најголема грешка на многумина е што се откажуваат, меѓутоа ти биди упорна. Косата можно е да се масти или можно е да видиш сува коса ама со текот на времето ќе се нормализира. Доколку сакаш направи постепен преод со шампон кој не е комплетно природен ама кој нема да содржи силикони на пример Балеа профешонал (мислам дека така се викаа) во тубичка се производите. Има за руса, за црвена и за темна коса. Еве овие се една алтернатива што побезболно да биде направен преминот. Потоа откако ќе го потрошиш тој шампон, премини на алверде или на Др. Конопка кои лично многу ми се допаѓаат како природна и здрава нега на косата. Јас направив нагла промена и издржав не се вратив повеќе на силиконски производи, ама ако сакаш еве имаш варијанта со цел да издржиш во намерата. Само напред стоп на шампони со силикни!!! Може декларација??? Не сум го видела во продажба ама фактот што нема силикони ме прави љубопитна.
Девојки шампонот и маската на калос од кератин како сте задоволни? Јас читав за таа од кавиар и по грешка ги купив кератин па да ми кажете мислење дали се добри или да пробам да ги сменам?
Сега видов дека си побарала декларација, еве повели па чекам твое мислење затоа што се мислам дали да го купам Aqua / Water, Sodium Laureth Sulfate, Coco-Betaine, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Zingiber Officinale Root Extract / Ginger Root Extract, Mel / Honey, PPG-5-Ceteth-20, PEG-55 Propylene Glycol Oleate, Dicaprylyl Ether, Sorbitol, Sodium Chloride, Sodium Hydroxide, Propylene Glycol, Hydroxypropyl Guar, Hydroxypropyltrimonium Chloride, Citric Acid, Oleyl Alcohol, Polyquaternium-7, Tocopherol, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate, Salicylic Acid, CI 14700 / Red 4, Caramel, CI 19140 / Yellow 5, Eugenol, Coumarin, Limonene, Parfum / Fragrance
@Biodevojka Веќе почнав со линијата од Балеа без силикони да ги менувам шампоните па потоа ќе преминам кон Алверде за да не дојде нагло промена, само ме интересира твое мислење за коњскиот шампон од ДМ.
Драга овој не е лош како преоден шампон (секако ако веќе си на органско лошо е да се вратиш кон овој). Доколку си користела комерцијални шампони овој е ок за чистење на силиконите од косата. Базата е избалансирана не е агресивен, ама не е комплетно природне има ПРГ ППГ кои се навтени деривати. Значи како преоден шампон ок е. Инаку штета за овие две состојки да ги немало ќе беше многу поубава формулата. Има поликватерниум 7 кој е кондиционант (не е силикон) Системот на конзервирање е одличен, (салицилната во производов е ставена како конзерванс џс едно до содиум бнзоат и потасиум сорбат). Од екстракти има мед и ѓумбир...како замисла е убав... Драга овој ми е многу празен како формула. Ако сакаш преоден шампон подобро земи го оној претходниот кој ми го покажа @ana-sweet . Поздрав.
Нормално ли е после првите неколку користења на Алверде од авокадо да се појави малце првут? Не знам дали да продолжам со второ шише или тоа значи дека не ми одговора? Инаку досега сум немала првут, ова сега сосем малку, ама сепак да не се влоши...
Ако досега си користела исклучиво шампони со силикони, појавата на првутот може да биде реакција на скалпот поради чистењето од силиконите. Ако и досега си користела природни, органски шампони, можеби некоја состојка не ти одговара.
Прв пат користам без силикони и кога ја мијам во моментот ја осеќам како сува да ми ја прави, после ставам маска и на крај е океј. Ама ова ме збуни, да знам да продолжам...
Продолжи. Ќе ти треба малку време да се оправи, ама ќе видиш после, кога ќе се исчистат силиконите, ќе биде поубава од претходно.
Прилично се скапи, мојата фризерка ги користи и јас сум многу задоволна од нив, но јас лично не сум купила ништо од таа линија. Сепак, мислам дека квалитетот ја оправдува цената. За волумен, немој да користиш многу ,,тешки'' шампони или маски, миј ја косата често (секој ден или преку еден ден) и суши ја наведната Секако, и одредени фризури придонесуваат за поголем волумен.
Колку време траеше додека косата се навикна на природен шампон? Јас веќе месец дена сум на алверде. Многу брзо ми порасна, ама ден после миење веќе мрсна ми е, иако не се познава на изглед, на допир и по мирис ја осеќам колку е мрсна.
Драга не ми текнува колку точно време беше ама кај ,ене беше обратна состојбата косата ми беше без сјај сува на врвовите...кај секој е различно. Можеби шампонот не ти одговара пробај со некој друг природен и органски на пример Уртекрам, Ома Гертруде, Др. Конопка...