Дојдов да ги пофалам шампонот и регенераторот на balea professional. Ги земав розевите, овие на сликава. И волумен ми дава, и лесно се расчешлува, косата не ми е веќе дехидрирана и сува на врвовите и преубаво мирисаат. За помалку од 200 денари, топ комбинација. Си ја оправив косата Да напоменам дека прво го пробав на алверде со кофеин заедно со балсам и ги фрлив. Мојата коса воопшто не може да го поднесе, не пенеше, ми ја плеткаше ужасно едвај ја чешлав после миење, никаков ефект немав. Катастрофа, не би му дала втора шанса
Предложете ми шампон и маска за коса за брановидна / виткана коса, со мрсен скалп кој истовремено нема да ја сплескува и ќе го одржува волуменот, моментално користам еден за волумен од Белина ама барам некој друг, овој баш не ми одговара за мојата коса, инаку волуменот супер го одржува .
Здраво. Би сакала да прашам, дали го имате пробано овој комлет од алое вера и како сте задоволни? Благодарам
Две другарки со сосема различен тип на коса, ми го препорачаа шампонот од бреза на алкалоид..Косата престанала да им паѓа, скалпот им се исчистил од првут и бубулици што ги имале, косата не им се мастела толку многу, врвовите биле нахранети.. Мислење или слично искуство? И ако може да ја замолам @Biodevojka да каже какво мислење има за составот на шампонов.. Благодарам
Драга мило ми е за твоите другарки, ама ако ме прашуваш мене формулата е многу агресивна. По Sodium Laureth Sulfate (кој е примарен суфрактант) доаѓа Sodium Chloride (морска сол) па Cocamide DEA што ми кажува дека базата е агресивна. Обично по примарниот сурфактант треба да дојде бетаинот па дури после морска сол за да се избалансира агресивноста на примарниот. Јас за себе лично никогаш не би го земала. Ти секако имаш право на избор, така да оставам на тебе. Поздрав.
Препорака за шампон против опаѓање? На маж ми почна да му опаѓа, па бараме чаре иако е генетски ама да пробаме.
Го обожавам овој регенератор, иако е поскап, трае предолго време. Го купив од Веро. За маска, исто ја користам оваа, и ми се допаѓа. И со двата производи чувствувам „драматично" расплеткување на косата.
Пробајте со некои органски, за ваков проблем, многу важно е посебно поради опагање какви се состојките во шампонот. Јас пред некоја година имав користено Фитовал и Алпецин, тогаш и немаше некој избор на органски, ама не бев задоволна а и не се органски. Провери на страната на Белина имаат органски, малку се поскапи ама барем знаеш дека нема да ставаш јака хемија.
Кај мажите не знам колку ќе биде делотворно заради тестостеронот, но вреди барем да се проба. Видете со оној против опаѓање што е од Конопка.
Ја имам пробано само маската, но од банана. Не знам дали имав преголеми очекувања, но не бев задоволна. Косата ми беше исплеткана и едвај ја чешлав. Исто како ништо да не сум ставила. Само мирисот ми се допадна
Значи вака. Многу шампони ми го сушат скалпот и веќе вториот ден од миењето, почнува ужасно да ме чеша и косата после 2 дена ми станува како недела дена не измиена. До сега го користев Head and shoulders можеби година дена и ја миев на дури 5 дена и тоа не ми беше многу мрсна. Сега си реков дај да сменам, купив еден од Балеа, и не можам да си ја поднесам главата, едноставно ужасно е. Препорачајте ми некој шампон што не би ми влијаел вака (колку сака пари нека е).
@Cinnamon Bun На бившиот баш му имав земено од Lush - Soak and float тврд шампон за чувствителен скалп, имаше и првут и брзо му се мрсеше косата, и задоволен беше. Го испробав и јас неколку пати (немам првут јас) и супер ми ја правеше косата, мека и свиленкаста. Другарка користеше еден друг шампон против опаѓање и брз раст на косата од Lush исто, за раст немаше ефект, ама она има ептен комплицирана коса, мрсна, безживотна, ептен тенко и кршливо влакно, врвовите и пукаа цело време, и ок и се покажа. Ги имаш сите шампони на страната на Lush, види ги сите, прочитај го објаснувањето, за да видиш кој најмногу би ти одговарал. Моментално другарка ми користи шампон и регенератор од Алверде од авокадо и е задоволна исто. И исто има приметено дека убаво формулирани шампони (природни или поприродни барем) на база на арган убаво и влијаат. Ти ја кажувам неа зошто ми се чини сличен проблем имате со косата. А Head & Shoulders е катастрофа шампон, преагресивен е и ич не е природен. Во моментот може да ти помага дур го користиш, ама многу ти ја упропастува косата in the long run. Може и Балеата затоа така ти влијаела, зошто си го сменила овој, а Балеа е поокеј формулиран во секој случај. Пробај некои од овие предлози, може ќе ти се погоди некој.
Aqua, Sodiaum Laureth Sulfate, Sodium Chloride, Betaine = агресивна формула. За мене бр. 1 е овој останува најдобриот шампон шт сум го користела. Специјална формула за луѓе како на во загадени средини (ообено Скопје). За истиот имам направено и рецензија еве повели линк ако те интересира да прочиташ и да видиш слики од употреба. https://biodevojka.blogspot.com/2019/03/anti-pollution-urtekram.html