Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шампон и регенератор

Дискусија во 'Коса' започната од A.srcuska, 7 април 2010.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Овој ми фали го немам пробано. Како си задоволна добар е?
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    2663EE69-E603-4BD1-BF4E-D2CDF55BD43D.png DCB479ED-A4FA-4B57-9D5B-A4FAE5636C4E.png дали ги имате користено и двата шампони па ме интересираат дали се добри дали помаагат па и се околу нив кој ги има користено фала ви за одговороте
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    106.766
    Пол:
    Женски

    Првиот не сум го користела, а вториот е одличен доколку косата ти е мрсна (y)
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.602
    Допаѓања:
    201.912
    Пол:
    Женски
    Од првиот сум презадоволна, паѓањето се намали, поточно се нормализираше. Нема купишта влакна насекаде. А со вториот немам искуство.
     
    На Partylenna07, do-re-mi и macor24 им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Првиот го имам користено, го подарив. Ако имаш масна коса, не ти го препорачувам, затоа што и после бањање ми беше масна. Цело време како немиена ми беше косата. А не видов ни некакво посебно дејство. Можеби ако имаш посуво влакно, ќе ти помогне.
     
    На Celltica, beautys20 и macor24 им се допаѓа ова.
  6. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    да косата ми е мрсна и сакам да пробам но и повеќе ми е и за мрсна и што ми паѓа и за да ми потпорасне малку
    ќе го пробам вториот па ќе го видам резултатот бидејќи ми паѓа многу
    имам мрсна коса ќе го земам вториот и тука ќе ви споделам искуства би благодарам многу на сите што ми одговоривте на прашањето
     
    На koritsaki и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  7. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Зависи за што ти треба повеќе. Ако ти е за намалување на паѓањето, дефинитивно првиот треба да е подобар. Јас од овие два и само тој го имам користено.

    А зошто не пробаш со мешање на двата? Јас така многу пати сум правела, еден шампон на првото нанесување, па друг на второто. Така решаваш два проблеми на едно миење. Супер искуство имам со тоа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Истото мислење го делам и јас !
     
    На macor24 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  9. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    па види вака имам и мрсна коса и многу опаѓање па сакам да пробам да видам од овие првен пробував со јајце и кавесц и рицинусово масло и плус некој витамини ставав и така се мачкав и стое еден час но откако ќе ја измиам чудно ми мирасше косата како на не миено и престанв да се мачкам со тоа и случајно ги видов овие два шампони па ме заентересира за да ги пробам а и ти ги имаш користено овие два бидејќи не те разбрав добро
     
  10. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Од овие два само првиот го користев, а имам користено општо два како комбинација во секое миење, па ти ја предложив таа „тактика“ за справување со 2 проблеми наеднаш.

    Инаку и јас имам проблем со мрсна коса и тенко и слабо влакно, но бидејќи побитно ми беше да ми го спречи опаѓањето, јас го земав тој и ми помогна многу. А истовремено не ми беше косата мрсна после кратко време, така што и во тој дел бев задоволна, иако не е наменет строго за мрсна.

    Така што, може и само со првиот да завршиш работа, а може да пробаш и со комбинација од двата. Само вториот можеби нема да ти го реши проблемот со опаѓањето...иако не можам со сигурност да ти тврдам, бидејќи го немам пробано.
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Купив на еуцерин шампон и серум за коса. Наменети за изретчување на косата. Ќе го користам до крај, ќе ти кажам дали има дејство. Сега засега, убаво мириса, многу пени и косата ми е стакло чиста после бањање. После бањање се става од серумот на мокра коса, се масира и го оставаш. Уште ефектите да ги видам, па ќе пишам.
     
    На macor24 и poppie им се допаѓа ова.
  12. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.406
    Пол:
    Женски
    па да може да се реши со комбинација од двата па би можело да пробам и со двата па да видиме како ќе биде оти сакам да не биде мрсна оти втора ден и одма мрсна како немиена ми е косата и опаѓање и за да потпорасне барем малку сепак ќе пробам до двата па ќе видиме дали има резултати
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    5.894
    @GrimTheReaper, го имам истото мислење како тебе во твојот последен пост. Меѓутоа, би сакала да искоментирам некои од работите кои ги спомена во претходните постови:

    Брендовите што се класифицираат како „медицинска козметика“ не се нешто посебни или поуникатни од обичните брендови. Ако ги погледнеш состојките и ги споредиш со обични креми, ќе видиш дека се користат истите состојки. Можеби тие брендови како поскапи вложуваат повеќе во добивање подобра формулација па затоа можеби би добиле подобар производ од производ од обичен бренд кој ги содржи истите состојки: но тоа не значи дека содржат „медицински“ состојки. Во некои производи можат да содржат некоја нивна патентирана состојка итн, но со оглед на тоа што еден производ не може да се процени само по една состојка, туку од севкупната целина на состојки, тоа не мора да значи ништо.

    Не сум сигурна за ова, можно е да има нешто во ЕУ, но како што знам, нема посебна контрола за „медицинска козметика“, т.е. не е како построго да се контролираат овие брендови, туку тие си создаваат таква репутација преку класификацијата „медицинска козметика“, влијаејќи на психата на човекот: „а-ха, штом вели дека е медицинска, значи сигурно е подобра/медицински одобрена“. Во суштина, само за тоа што е дефинирано како лек (и често се бара рецепта од медицинско лице) можеш да кажеш дека е медицински производ, за козметиката не баш. Ако знае некој подетално, нека ме поправи.

    Точно, тие хемиски соединенија се нарекуваат конзерванси, исто како за храната. Ова не е забелешка само за тебе, туку општо си коментирам: не знам што е толку стравот од „хемии, хемикалии итн“, како во тоа да спаѓаат само отровни и радиоактивни супстанци. Сè е хемија, ние сме хемија, растенијата се хемија, водата е хемија, т.е. хемиско соединение на водород и кислород, исто како што солта е хемиско соединение на натриум и хлор. Навистина нема потреба од плашење од зборот хемија или хемикалии, кои се супстанци кои се добиваат преку хемиски процеси. Пример за хемиски процес е огнот (оксидација).

    Законски мора на секој козметички производ да ги пишува сите состојки ги содржи, освен тоа што спаѓа под parfum/fragrance бидејќи се смета за „тајна“ на производителот, за да не може други целосно да го ископираат производот.
    За хемија веќе напишав погоре; се разбира дека ја задржуваат трајноста со хемија. Всушност, целиот производ е добиен благодарение на хемиски реакции кои се јавуваат меѓу самите состојки, како и поради различниот третман низ кој минуваат. Фотосинтезата е исто хемиска реакција, а е една од најприродните работи што постојат.

    Напротив, Европа многу често се споменува колку е строга во регулативите бидејќи, како што веќе кажа Ева, забранети се 1300 состојки. Меѓутоа, бројот на состојки не треба да е мерило дали и колку е добра некоја регулатива, бидејќи конкретно во ЕУ во листата на забранети состојки има и такви што и онака не би се користеле во козметика. Тоа е исто како да земам да речам, арсен е забранет во козметика, но и онака не би користела арсен за да формулирам производ, па тоа не дава „тежина“ на забраната.

    Ова е тешко да се заклучи, бидејќи иако можеш да ги споредиш листите на состојките што биле користени таму и тука, не можеш точно да дефинираш во колкав процент се застапени и како биле претходно третирани.

    Ако имаш чувствителна кожа како што кажа, можеби си осетлива/алергична на мириси и/или ботанички екстракти (кои често се користат во природната козметика, но се разбира ги има и во обичната козметика), па затоа ти се случува ова. Обиди се да најдеш некоја заедничка точка меѓу производите што не ти одговараат. Впрочем, поради оваа причина и се ставаат листите со состојки: за лицата со осетливост/алергија на некои состојки да знаат дали ја има таа состојка во производот или не.

    Ева, квалитетна дискусија можеш да добиеш само со некој кој работи/учи слично како тебе, т.е. се наоѓа на твое ниво и во твоја професија, а го држи спротивниот став од тебе. Таков на форумот досега не се пријавил. Реалноста е дека јас (или било кој) можеме да влеземе во дискусија со тебе и да кажеме свое мислење добиено од наши сопствени истражувања - да споменеме за нешто што го кажале козметички формулатори/токсиколози/дерматолози/козметички регулатори на социјалните мрежи - но не можеме да ти дадеме достоен/доволно детален одговор, како што ти можеш да ни дадеш нам. Ова е исто како да се тркаме и јас да сум на старт, а ти да си 5 km пред мене: нормално дека не можам да ти парирам.

    Така што, на крајот, ние (обичните луѓе) можеме да го основаме нашето размислување/став врз доверба на став на некое постручно лице, односно избираме во што сакаме да веруваме/што ни звучи пологично и поточно. Се разбира, стручноста на некој човек (во било која област) не мора да значи дека сè што е кажано од негова/нејзина страна е апсолутна вистина. Многу од луѓето си имаат сопствени предрасуди (biases), односно се повеќе наклонети на една страна, што неретко ги става во позиција да се фокусираат само на информации кои ги потврдуваат нивните ставови и размислувања. Ова е точно и за научници, сакале да си признаат или не; веројатно си запознаена со поимот confirmation bias. И пак, останува на нас (на доверба) да формираме мислење следејќи повеќе кредибилни личности.
     
    Последна измена: 26 ноември 2020
    На Rozich, Angie1432, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  14. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Некој искуство има со шампонов? Ако има нека каже какви резултати дава. IMG_20201127_103319.jpg
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. day

    day Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    20201201_164016.jpg @Biodevojka од овие два шампони, кој според тебе е подобар односно похранлив за косата? Ако ги има некој друг користено ќе замолам за рецензија :inlove:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    106.766
    Пол:
    Женски

    Не им го знам составот , но според надворешната етикета би го одбрала тој десно со амла и арган :wasntme::)
     
    На day му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга баш овие два ги немам пробано. Не би знаела да ти кажам да не говорам на памет.
     
    На day му/ѝ се допаѓа ова.
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Го сменив само поради тоа што имам навика често да менувам шампони и да пробувам нови, иначе целата сензитив линија на лавера ми е омилена, нежни се и многу погодни за сува и чувствителна кожа....многу сакам да пробам и некоја пудра од нив, те молам пиши ми во лп искуства доколку имаш пробано :)
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Од Лавера немам драга најискрена да си бидам. После ова што ми го пиша дефинтивно ќе земам нешто за да пробам од оваа марка. Имам пробано само едно средтсво за сончање кое беше многу добро спф 50 со физички филтри. Ова во Италија го имав пробано, Пудра не сум пробала, а шампоните обавезно ќе ги земам на тестирање. Поздрав.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M_a_Y_a

    M_a_Y_a Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj koristil od ovie samponi (gi ima na hairshop. Mk) I kako ste zadovolni. Pisuva bez parabeni I silikon pa me interesira dali se prirodni. Dali im e dobar sostavot?
     

    Прикачени фајлови: