Здраво драга шампонот не е природен сурфактантите (некои не сите секако) не се комлетно природни, ама не е агресивен, добро е избалансиран. Балсамот е нешто подобар од шампонот. Поздрав @UnordinaryOne драга благодарение на тебе земав 3 шампони од Lavera и вечерва го пробав оној за фарбана коса...Многу добро нешто, навистина премногу ми се допаѓа ефектот врз косата. Следно миење го пробувам оној 2 во 1 за многу оштетена коса, а после и оној со нане за прочистување на косата. Ќе пишам импресии.
Го имаш тој со брусница? И јас го имам и, иако на почеток не бев задоволна, мислев дека ја затестува и масти косата сфатив дека не е така. Шампонот е топ, одличен за фарбана коса, не треба после него ни маска ни ништо, се расчешлува убаво. Проблемот на почеток беше тоа што јас почнав да го користам одма после фарбање со Кастинг на Лореал. Самата фарба всушност ми ја затести и замасти косата, дури после месец дена од тоа фарбање ми се нормализираше. Ама ми требаше време да го сфатам тоа. Шампонот си е добар.
Да тој со брусница мислам да...сакав тој со калинка да го земам ама го земав овој после...Еве кои шампони ќе ги испробувам во наредниот месец Фала ти многу што ми кажа за шампониве...не знаев дека ги има кај нас...А јас штом има нешто ново одма мора да го испробам
Втората слука што јанимаш ставено најдобра декларација има според мене. Поздрав На уртекрам со зелен чај од линијата детокс.
Здраво, Дали имате искуство со шампон од пепел? Не знам кој е брендот, пишува најтар рецепт за шампон
Сакајќи да сменам малку, го зедов овој од Лореал. Преубаво мириса, косата ја прави лесна за обликување и само тоа отприлика. Не вреди за 600 и кусур денари. А и формулата некако тешка. Прави косата да се обликува лесно, но за сметка на тоа многу брзо ја мрси и џабе. Башка што целата ме направи со првут. Не ни забележав на почеток, среќа се приметив и го баталив. Не знам што ми требаше да експериментирам ама ајде. Ќе си знам за друг пат и ќе продолжам да ги заобиколувам шампониве во некој така поширок лак.
Јас по тоа што ве читав вас, односно од препораките на @Biodevojka на која сум благодарна почнав со шампони без силикони, прво користев Балеа како преоден шампон па Алверде па сега Конопка, презадоволна сум од двата шампони, а немав некои проблеми во смисла да ми се мрси повеќе од како почнав да ги користам.
Види во Тесори, официјални застапници се за Оливал. Има и онлајн колку што гледам. https://tesoridimare.mk/kategorii/olival-shop/nega-na-kosa/