Не би рекла дека е специфично за мрсна коса. Има преубаво прочистувачко дејство врз скалпот (а вооптшо не е агресивен), косата ја остава чиста до 3 дена (за мене беше рекорд) и дава преубав сјај. На некој начин чисти а ја негува косата, Може за сите типови на коса, особемо ако сте во загадени градски средини. Имам пробано еден куп шампони, и овој сеуште ми е бр.1.
Па може овој што ти кажав со зелен чај значи има прочистувачко дејство и негува. Ако не земи го на Оливал со лимон и рузмарин многу е убав како производ за масна коса пишува иако формулата е блага не е агресивна воопшто. Или пак друг кој може да земеш е со глина расул и нане на Уртекрам кој е исто така феноменален
Предлог шампон за сув скалп без првут до кај 200-300 денари? Повеќето од head&shoulders, nivea, gloss, washngo, balea итн. не се покажале ко ефективни.
И ти се зезна. Јас не само шампонот, го земав и регенераторот и маската. Потврдувам за се што кажа. Штета што мене ни за обликување не ми вреди. Само што ќе ја измијам косата ми е ко залепена на главата. Ужас.
Јас само што ја потрошив маската, само пофални зборови. Да го дотрошам шампонот од авокадо на алверде, па ќе ја земам и јас оваа колекција.
Јас за малку ќе се зафркнев да ги земам тие за виткана коса што се од Лореал, цеча колекција, не се баш ефтини а многу се жалат од нив.
Да ми препорачате од bellina шампон или некој друг не мора да е стриктно од таму за хидратација на косата. Не ја сушам со фен , многу ретко ја пеглам ама мн ми се сушат врвојте и ми пукат. Секој предлог е добредојден
Штета. Ич не се евтини, а врска немаат. Среќа не се залетав да ја земам и маската, зашто тогаш кога купував и маска ми требаше. Тие па како што се поскапи, не верувам дека ќе ја преболев толку лесно. За тие пари кило Фанола си купувам и ми трае цела година, што им е.