Јас го нарачав тој од Уртекрам ( вака мислам беше името ) за мрсна коса од Белина. Баш ќе пишам мислење, а мојата фризерка го користи на TreShemme има повеќе врсти, јас го користев регенераторот и баш убаво ми ја правеше косата ама многу ја спласнуваше односно волуменот што го имам ми паѓаше, плус додатно ми паѓаше косата од него. Првото шишенце ми беше топ ептен без задоволна,ама второто ме разочара.
Последно го пробав овој шампон, морам да признаам дека е добар. Дури и за фарбана коса, бојата не паѓа, што не е случај со други шампони. Волумен дава, и што е битно, не мора ни маска ни регенератор, косата лесно се расчешлува. Секако, ако ја фенирате косата, ви треба нешто за заштита од топлина, ама шампонов е добар. Мирисот малку не ми се допаѓаше на почеток, ама сега се навикнав, освежувачки ми е.
Јас последно користев Алверде авокадо шампон презадоволна, само морам да користам и регенератор што не ми беше навика до сега зашто шампонот ми ја плетка косата.
Во Белина, еве линк https://www.bellina.mk/p/244/green-...na-kosa-od-zelen-chaj-macha-250-ml?category=4 465 денари е малово пакување, имаше и од 500мл, тоа беше околу 800 денари, ама го нема на лагер моментално.
Оваа колекција е врв, досега најдобра комбинација за оштетена и хемиски третирана коса. Го зачувува сјајот на косата, не бледее бојата и косата ја прави навистина мека. Ако сте во можност да ги земете дирекно од дистрибутер, мнооогу се поефтини за разлика од нивната продажна цена.
Јас ги зедов по 650 ден секое. На нет шампонот од 1000 мл е 1290 ден, многу поскап. Ги земам во ГВ, преку фризерка која ми е пријателка.
И двата се добри, моментално го користам на Конопка, за нијанса подобар е Конопка, не е некоја голема разлика со другиот
На Лореал шампоните се благо речено катастрофа. Ја тутка и плетка страшно косата а и страшно ја разлетува и е хорор после сушење, безживотна и пеплосана коса. Првпат во живот сум воодушевена од шампон а тоа е Сајос со кератин. Имам доста оштетена коса од блонд фарбите и без регенератор и маска не сум можела да ја расчешлам, ама со кератинов не ми требаше ништо додатно а добив мазна коса со свилнкаст сјај, да не зборам колку лесно ја расчешлав без влакно да ми падне. И регенераторот со кератин ќе го земам обавезно.
Воопшто не сум задоволна од овој на Конопка за волумен, ужасно ми ја масти косата. За џабе парите. Ми се смачи веќе, шампон неможам да си погодам.