Девојки препорачајте ми добар шампон за мрсна коса. Очајна сум веке, само дента кога ке ја измијам ми добра, од утре како да не сум ја мила со денпви. Барем два дена да ми е ок. Ни класичниот од коприва не ми е тоа тоа. Само немојте зелениот на Лореал со глина, катастрофа е.
Облаче јас го користам тој на Лореал за оштетена коса бело со црвено капаче. Многу сум задоволна затоа што имам мрсен скалп со суви врвови. Првично не ми прави првут и плус ми издржува барем до четири дена да не се мрси. Сега користам и маска од Белина за врвовите и топ ми е. Многу е важно да не ја чешлаш додека е мокра туку да ја засушиш па да ја чешлаш, ако имаш ротирачка четка за фенирање верувај подолго ќе ти држи.
Дали некој го пробал овој шампон на дм за волумен https://www.dm.de/langhaarmaedchen-shampoo-volume-boost-p4010355409775.html ?
@Biodevojka варам шампон за истиот проблем. Разгледував свашта на страната од Bellina и има многу избор. Кој го препорачуваш?
За сува и оштетена дефинитивно оној на Лавера 2 во 1 го имам рецензирано на блог преубав е. Мене многу ми се допаѓа. Потоа оној со зелен чај во комбинација со маската од Уртекрам. Иако пишува прочистувачки неверојатно убава ја остава косата. Моментално го користам на Бабушка Агафија за опаѓање на косата. Немаш појма колку ја прави мека и убава косата без воопшто да ставам маска. Нешто неверојатно. Цената му е само 175 мкд. И маската е фантастична. Овие сеуште ги немам рецензирано ама наскоро ќе ги рецензирам. Мислам дека е идеален бидејќи помага при зголемено опаѓање а истовремено и ја негува косата. Специфични за сува коса се 2 во 1 од Лавера, од Конопка за сува и оштетена коса и уште еден на Лавера со авокадо. Иако тој 2 во 1 е фантастичен. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав.
Морам да ја пофалам целава линија на Алфапарф Искрено помека и полесна за справување косава не ми била. Има уште едно, detangling fluid, ама не можев да го најдам. Соленки се ама ептен добри.
Препорачајте шампон за сув скалп, буквално ми се лупи последниов месец и рани ми се прават. Пробав Еуцерин, ама нема ефект.
Не сакам да трубам дека од Коронава наваму се сменив,ама да се смени моето тело. Конкретно кожата и косата ми се очајни. Тука сум за коса да прашам.Значи без разлика каков шампон користам,после миење косата ми изгледа како немиена.Почна да се витка ,да откажува послушност. Ако не ја запеглам ,не личи на ништо.Ја скратив мислев оштетени врвови,да се освежи,ама не...води своја политика. Се фарбам, доста шампони пробав,за сува,фарбана,ваква,таква,џабе.. Мачна ми за одржување,не знам веќе што да ставам на неа. Некој совет,бар да личам на нешто кога ќе излезам од купатило...
Мислење за овој спреј? И за виолетовиот @Biodevojka ќе може ли препорака за спреј за заштита од топлина?