дали некоја феминка го има користено шампонов или некој од таа линија на швардсков??? сакам да си го купам тој за сензитивне скалп , ги гледав во космо , има ли некоја искуство??? ги имам гледано по фризерски салони како професионални сампони!!!! а и цената не е нешто евтина би требало да се добри
Јас си купив syoss шампон од веро, 189 денари - 500мл, за сјај на косата. Многу убаво мириса, но мене не ми се погоди, ми ја правеше сплескана косата
http://www.kozmo.hr/wp-content/uploads/ ... 236100.jpg http://feminity.zoznam.sk/g/855261/pic/ ... 302144.jpg Schauma Superfruit nutrition Регенераторот и шампонот во комбинација се преубави
Јас си го користам Бекутан шампонот,некако ми е најнежен,а бидејќи јас имам доста проблематична кожа на главата морам да користам некој понеутрален,или некогаш купувам Бубхен(како мало детенце сум) А за регенератор,моментално имам од Авон од хималаски гоџи,а многу ми се допаѓа и од Гарниер тој од брусница,го имав до пред 2-3 недели.
Ваков сличен имам, за јакнење на косата, и против перут. Морам да го пофалам, супер е. А за регенератор не користам. Дома имам од Wash & Go. Ама порано го користев кога го користев шампонот од Wash & Go. Не сум побарала од гарние.
Користам повеќе видови на шампони и неколку регенератори па еве од кој сум задоволна од кој не: Elseve мултивитамински со витамини Е+ПП+Б5( но не ми се допадна,ми ја прави косата крута) Elseve Re-Nutrition со матичен млеч(и тој ништо посебно,ми ја прави безживотна како тесто изгледа е за многу оштетена коса),а пред овие двата имав користено исто така Elseve розевиот за долга коса и ми ја мастеше за еден до два дена...........така да од овие шампони кренав раце Потоа се префрлив на Schauma со Shea масло и кокос и исто таков регенератор од нив сум по задоволна отколку Elseve иако се значително поевтини,а го имам користено и регенераторот на Schauma жолтиот со масло од макадамија е од него воопшто не сум задоволна тој наместо да ја омекнува и регенерира косата тој ја прави посува........од Shauma go koristev i toj so Q10 и од него сум задоволна Исто така го користам одвреме навреме и Garnier со avocado oil,shea butter прилично добар Gliss жолтиот со argan и shea oil и од него не сум баш задоволна ми ја прави крута наместо да ја омекнува Nivea straight and easy демек за правење на косата,ама врска нема од што беше катастрофа го употребив само еднаш и вчера повторно купив Nivea pure repair со екстракт од папаја и против првут,но овој ме изненади за разлика од Nivea straight&easy затоа што овој е далеку подобар од него како да не се иста марка(инаку овој си го најдов за 180 денари плус гратис уште еден ист,а претходно само еден кошташе околу 170-180) а порано сум ги користела Orzene и Pantene за нормална коса од кој бев прилично задоволна
И јас би сакала да знам, каде може да се најде шампонов? Бидејќи го немам видено Инаку како шампон користам: А регенератор од Genera еден, и задоволна сум. Сепак сакам да направам некоја промена, бидејќи оддамна ги користам.
Сега шампониве ги има и во Космо и гледајки по цената би требало да се одлични,затоа што е прилично висока за едно шампонче. Инаку јас моментално - L'Oreal Elseve Nutri-Gloss и е совршен! Подобар и од Глис и од сите што ги имам пробано...Предобар!
Rozich, што направи со маската? Ја купи? Извинете за офф-топик А, колку пари е шампонов од Schwartzkopf? Има вакви маски или регенератори кај нас?
Маската не ја купив,моментало дотрошувам една,ама ко ќе ја земам обавезно пишувам вшечатоци А инаку мислам дека имапе и маски и регенератори во Космо ама не ми текнува баш..Инаку шампонот беше околу 550 денари,не знам точно..
Јас користам Head & Sholders, Wash & Go или Herba од Алкалоид Многу сум задоволна од шампонот на алкалоид, ми ја прави косата мека со помалце првут. позз
Само и само Gliss. И шампон и капки, ништо подобро не сум користела, врв. А мнооогу шампони имам пробано. Nivea и Orzene катастрофа.
После све и свашта пробано, денеска го зедов Гарниер да го пробам....Беше на намаление во Тинекс па си реков зошто да не... Иначе 2 за 139 денари ми се чини беа Спојлер Јас вакви си зедов...
Најново откритие ми е еден шампон на Сапонија, во литарско пакување, со мирис на лаванда. Па како мириса луѓе и косата ја прави многу убава, и дава неверојатен волумен и сјај. Пред тоа користев брезов шампон на Илирија и од него исто бев презадоволна Само овие два шампони ми се допаднале од сите останати кои ги имам користено: Нивеа, Дове, Глис, Шаума....сите ми се утка и не вредат за тие пари. А регенератори во последно време многу ретко користам. Понекогаш користам еден бугарски, со мирис на мед и млеко, го даваа гратис со фарба за коса, и добар ми е, ја омекнува косата и преубаво мириса. Почесто користам маски за коса и секогаш ги менувам, не ми се случило една иста маска да ја купам два пати. Моментално ја користам зелената генера и сум задоволна од неа.
јас сега зедов еден шампон и регенератор од пантен против кршливост. Убава ми ја прави косата, но забележав дека во последно време многу ми опаѓа, незнам дали од шампонот или пак од нешто друго.
Имам слушнато дека оние спрејовите на гарние биле многу добри но незнам се двоумам да купам.... дали некоја од вас има искуство со нив, какви впечатоци има???
Овие ги користам подолго време и задоволна сум Спојлер Од време на време земам нешто друго за промена, последно имав од гарниер, и тие се добри ја омекнуваат косата Спојлер