За волумен на Конопка е убав, дава волумен а во однос на мрсење исти ми се сите шампони, освен некои што ја сушат косата, мрсен скалп а суви врвови. И првиот го имав ама тој никогаш втор пат не би го зела. Косата ми ја направи ужас а исто ми се мрси, имав мрсен скалп а сува коса што не можам да ја скротам, уште неможам да ја опоравам од овој шампон.
Планирав да го порачам вториот заедно со серумот против опаѓање, но ми фати око првиот шмпон за зајакнување на тенко влакно. Дали некој ги има пробано двата да ми каже споредба, кој е подобар?
@Biodevojka дали можи да ми кажиш мислење за овај шампон и овај регенератор. Првата слика е шампонот, 2рата регенераторот
Здраво драга првата декларација е ок, убаво избалансиран шампон со голем број на екстракти, аминокиселини кои ја негуваат косата. Слободно земи го. Втората декларација односно регенераторот не ми се допаѓа поради фактот што содржи силикони. Иако се во помал процент, сепак се присутни и поради тоа ме можам да ти го препорачам.
Тие обично се шампон и гел за туширање во едно. Не гледам друг проблем освен можноста повеќе да ти се мрси косата.
Аха, па сепак исто мислење имам, регенераторот или кондиционер се става на врвовите на косата само, не се става на темето за да не ти се мрси. Можеш да пробаш, може ќе ти се погоди. Зависи каква коса имаш.
Пробај го. Ако имаш сува коса или ако не е склона кон мрсење може да ти одговара. Пример јас имам коса склона кон мрсење и со обичен шампон ми се мрси побрзо, а не со плус регенератор. Сепак секоја коса не е иста. Претпоставувам косата после вакви 2 во 1 шампони ќе биде мека и нежна при допир.
Драга јас ги обожавам шампоните 2 во 1 затоа што ми се компромис за шампон со малку балсам. Имам тенко влакно и ако ставам многу балсам изгледа сплескано. Со шампоните 2 во 1 косата е мека ама не многу сплескана мој омилен е овој на Лавера
Барам шампон и регенератор што нема да ми ја сушат косата. Не ја фенирам, ретко ја пеглам и пак ми се сушат врвојте. Што би било твоја препорака?