Женски со виткани коси, од кој регенератор и крема за виткана коса/локни сте задоволни? На Гарниер палетата? Само немојте Балеа, никако не ми одговараат нивните производи. @Biodevojka да даде некоја препорака?
Не држи ме за збор незнам колку сум во право ама мислам дека новата линија на производи од Syoss се по 450 мл....значи имја намалуваат грамажата.. Литражата.... Па и јас на некои места гледав акции со намалена цена или 1+1. Сепак од нивните производи ретко кој се пожалил.
Земи го на Уртекрам со зелен чај. Еден од најдобрите според мене. Драга од Гарниер не можам ништо да ти препорачам (ако исклучиво ја сакаш таа линија) со оглед на тоа што станува збор за комерцијална козметика. Ако сакаш друга марка на природна и органска козметика кажи слободно.
Само L'Oréal... Од Белина немам нарачувано некои брендови кои ги нема во ДМ и слично. Но од се' што имам пробано ( а имам многу), L'Oréal ми се најдобри за шампони, регенератори, капки за коса... А за шампони за фарбана коса (по на плаво) го препорачувам Fanola no yellow.
https://e-elixir.mk/loreal-professionnel/ ја има ли некој користено оваа линија на лореал? има ли повеќе ефект од стандардните лореал шампони? некој коментар?
Изгледа зависи до самиот шампон и до косата секако. Мене линијата Blondifier ми беше прекрасна, ги имав шампонот и маската, прекрасни беа. Додека пак од Liss unlimited, шампонот беше катастрофа. Поголема катастрофа немав ставено на косата. Лом ми го направи скалпот. Сега кога си го враќам филмот, ми текнува дека Blondifier го користев повремено колку да ја одржувам бојата на косата, па можеби затоа ми одговарал. За таа цена, има далеку подобри професионални линии на шампони за коса. На пример Fanola, Inebrya, Wella. Барем според моето искуство.
Предлог за добар шампон и регенератор? Имам бујна коса но тенко влакно, брзо ми се мрси, а последниве недели и првут ми се појави... Ме интересира дали овие на Лавера се добри ако користел некој?
Јас го имам користено овој и можам да кажам дека е прекрасен. Иако моја препорака за твојот тип на коса е оној на Уртекрам со зелен чај. Мој омилен. Поздрав
Некој од форумот го имаше купено шампонов , ама не се сеќавам кој член беше. @piglet1 можеби мислење? Косава почна да ми опаѓа ептен , овие неколку недели особено забележувам доста коса да ми опаѓа при миење. Дали е до шампонот, дали внатрешно стварно не знам. Пред 3 години ми се имаше случено кога се фарбав со кна и кога престанав да користам , се среди работата. А ги користам шампониве што сум ги користела , не сум менувала.
Препорака за некој шампон кој ја прави мазна косата, свиленкаста? Во последно време ми е крута, без сјај, во пределот на скалпот каде што не ставам маска.
https://www.bellina.mk/p/459/raspberry-acai-shampon-od-malina-i-asai-bobinki-280-ml?category=73 Многу сум задоволна.
Не ми ја отвара сликата, за кој шампон се работи? Мене многу ми паѓаше и земав витамини, а и ставив филтер на тушот. Сега не ми опаѓа баш.