За Керастасе генесис се работи. И јас размислував за витамини ама не знам дали ќе можам да земам такви бидејќи уште дојам
Јас ги земам Sugarbear, не знам дали се безбедни при доење. Има едни Hairburst и мислам дека се безбедни при бременост или доење, можеш да ги пробаш. На Kerastase ги имам пробано белиот (Desinfique), зелениот за мрсна што е и зелениот (Volumifique) и искрено ниту еден не ме воодушевил. За таа цена се просечни и верувам дека ќе најдеш и поевтини и подобри…
Фала ти. Да и јас имам пробано 2-3 шампона од нив и не се нешто којзнае што за парите. Ќе видам со витаминииве како што , што смеам што не
Zdravo, koj shampon bi ste mi go preporachale za mrsna kosa? Skoro sekoj den se banjam a povekjeto shamponi shto sum gi probala ne mi pomognale neshto mnogu
јас го користам овој шампон откако ќе си ја измијам коста преубаво ми мириса а на врвовите ставам маска од калос од кокос, врв шамонот ја прави косата мека и дава сјај. Еве го
Jumping juniper од Lush или Green Matcha од Уртекрам. Првиот е тврд шампон, многу ефикасен, само треба да внимаваш да не ја мачкаш косата предолго, оти ептен ќе ти го исуши скалпот и ќе ти предизвика првут и чешање. А вториот е класичен шампон, помага против пребрзо мастење на косата, само му треба време.
јас го имам овој користено и многу мрсна па ми беше сабајле ја миам после откако ќе се исуши како немиена ми беше, пак мрсна, ако имаш мрсен скалп осетлива кожа не би ти го препорачала да го земеш.
Да да секако драга. Формулата е избалансирана, би требало доста да измива ама не е преагресивен. Не е комплетно природне, нема силикни ама има ПЕГ и ППГ иако во низок процент. Не е помеѓу најдобрите на пазарот ама ако ти треба преоден производ доколку досега си користела силиоонски шампони и сакаш да ја прочистиш косата од силикони пред да преминеш на органска козметика тогаш ок. Сличен според ефект на овој (со глина) ама со мноооооооооооогу подобра формула е овој кој е навистина нешто неверојатно или овој кој е еден од најдобрите според мене Поздрав
Јас веќе некое време го користам шампонот на фармаси со лук во комбинација со пантен регенераторот за оштетена коса и сум презадоволна. Косата никогаш не ми растела побрзо и не ми била поздрава. Малце е непогодно за мрсна коса зошто се мрси додатно косата ама па резултатите кај мене се предобри.
Сите се убави, природни и органски. Ако треба да изберам еден од овие три во тој случај дефинитивно тој на Лавера црвениот. Феноменален.
Ова! Скептична бев. Стварно. Ама, ме изненади, позитивно. Убаво ја измива косата и остава сјаен финиш. На почеток ви е чудно, оти кога се измива шампонот косата шкрипи. Буквално, како шкрипење осеќам на рацете. После ќе се навикнете. Си ставам маска после шампонирањето за да ми се олесни чешлањето, ама шампонот е одличен. Сјај имам на косава каков што не сум имала одамна, знам дека е до шампонот, оти маската и пред него ја користев, а немав ваков сјај. Топла препорака, за сите оние кои имаат масна и сплескана коса, им треба волумен и сјај. Подобар е од шампонот на Конопка за волумен.
Предобри се шампоните. Јас го користев тој со зелен чај заедно со регенераторот. Мн. ми беше погоден на косата. Сега го зедов тој со лимонова трева во комбинација со регенераторот. Му дават хидратација и сјајност на косата
Истиот шампон го користам и се согласувам со @Annath косата буквално шкрипи од чистота по миењето со шампонот, јас обавезно нанесувам балзам или маска потоа и косата е бујна, сјајна кој има сплескана коса ко мојава обавезно да го проба. И ќерка ми го користи и на неа уште побујна и ја прави косата