Еве пак јас. Шампонот не го купив шо го постирав со составот туку ги земав едниот за косопад и другиот за волумен и цврстина. Разлика одма после прво миење. Имам волумен не ми е залепена за темето косата, а со паѓањето коса у миење се намали не е како порано цела рака сеа само неколку влакна но ми е страшно сува. Јас имам долга права коса, не ја стилизирам и заради влажноста кај шо живеам морам да ја сушам со фен, 2пати годишно и ставам нешто како фарба. Ако и ставам регенератор се губи волуменот(ставам од ушите надоле) ако ставам капки за коса (ставам само на краевите)многу брзо уште втори ден ми се мрси. И сеа сум за никаде. Сакам и да не ми паѓа и да имам волумен и од капките да не ми се мрси… кој има мрсна коса шампоните се топ
Го немаше шампонот со расул на лагер, овој го нарачав, и не зажалив, навистина е убав. Лесен, со пријатен мирис, не ја сплескува и заплеткува косата, за сите типови коса. Лека полека шампоните на Уртекрам стануваат дел од мојата редовна нега на коса
Ајде еден совет ако може Кој од овие два да го земам? Имам сува, густа коса и дебело влакно. Проблемот е што ми е тешко да ја расчешлам и морам да запнувам многу со четката, па страв ми е да не ја оштетам на тој начин. Инаку здрава ми е косата прилично.
Мајка ми има сува коса и е презадоволна од првиот. Меѓутоа, има вртена коса, не знам дали има тоа врска, ама да кажам.
Кој шампон на Уртекрам би ми го препорачале за мрсна коса? Не сум ги користела до сега, и незнам кој ќе биде најдобар за мојата коса. Совет/искуства?
Мојата е скроз права природно, буквално ни прекршена не е. Првиот и преубаво мириса. Ќе му дадам шанса
Овој Или овој И овој не е лош, иако е за сите типови коса, мојата е склона кон мастење, ама шампонов добро ја измива и дава волумен Инаку од сите, нај нај за масна коса е првиот. Ама може да ти биде чуден на почеток додека да се навикнеш, може и ко неизмиена да ја осеќаш, ама кога ќе се исуши ќе приметиш разлика.
@koritsaki @Annath Многу ви благодарам за препораките, денеска ми стаса тој од гасул глина. Ќе ви пишам апдејт, после ќе го пробам, цела сум возбудена.