Pomaga za opaganje na kosata I za rastenje ? Od so mi paga I mi se izretci I kazi mi kolku vreme treba da go koristam za da vidam dobri rezultati ?
Пробај ништо не губиш, не знам како ја носиш косата и каков тип е, потшишај ја избегнувај да ја врзуваш, користи го шампонов ќе видиш подобрување
Добар е, заедно со таблетите во комбо, ги пиев пред десет години и шампонот истовремено. Има ефект, ама кај мене косата тогаш паѓаше постпородилно, се нормализираше за некое време, дали од шампонот, дали сама по себе, ич не знам да кажам. Треба да се најде причината зошто паѓа.
И јас прашав во темата Опаѓање на косата. Го зедов, ама само два пати ја имам измиено косата со него па рано е да кажам. Како шампон е ок, не треба голема количина, некако погуст мислам дека е, поконцентриран, и прави доволно пена и со малку. Најбитно не ми ја мрси косата и не ми ја сплеснува, имам ретка коса, тенко влакно и брзо ми се масти. За сега е ок, ќе видиме дали опаѓањето ќе се намали по подолго користење, сепак за тоа и го земав.
Немам проблем со мрсна коса или волумен. Постојано викав имам коса за извоз, густа и квалитетна коса имам. Ама сиот стрес на тоа ми се одрази и ми паѓа како луда па, ме фати страв на толку паѓање без коса да не останам. Ќе го земам и јас, доста позитивни коментари прочитав по интернет, па се надевам ќе имаме резултат.
Како што гледам да се информирам што подобро околу соодветна рутина за одржување и нега на коса, во последниов период често налетувам на статии за clarifying shampoos што се користат еднаш неделно или на две недели (бидејќи се јаки) за прочистување од наталожени производи за коса на самиот скалп и влакното, но гледам некои брендови што ги нема овде, барем јас не сум сретнала. Дали некој имал искуство со ваков и дали може да ми даде препорака?
Има секако, еве некои. На првата слика се шампоните за длабинско миење без силикони, а на втората шампони без cocomidapropyl betaine (мислам дека состојкава може да предизвика чешање или првут кај некои со поосетлив скалп, не се сеќавам баш).
За сувите врвови земи нешто дополнително за нивна нега. Разлистај низ темиве за маски и регенератори, има супер предлози. Од шампоните погледни ги овие погоре од сликата, на пример Syoss pure. Или еве можеш Lavera зелениот да го пробаш. Шампоните за мрсна коса го прават скалпот пуздер, па не се ослонувај баш на нив. Земи два - еден за мрсна коса и некој друг што не е со толку јака измивачка моќ и миј се наизменично. Еден ден ќе ја измиеш со едниот, после следниот пат миењето нека ти биде со другиот.
Дали некоја го има користено шампонот Многу бавно ми расте косата,прв пат вака бавно да расте незнам каде грешам Нон стоп ми излегува шампонов па си реков да прашам овде може некоја има искуство со него
И јас сум една од тие на кои што шампонот од Расул на Уртекрам не им одговара, едвај чекам да го потрошам и планирам да купам некој на Лавера, па ќе видиме.. ( инаку имам мрсна коса и сензитивен скалп ). Нема што не сум користела од шампони.. и никако да си погодам во животов шамон, совет некој ?