Предлог за шампон без сулфати што можам да го најдам во dm или во поснабден маркет? Пребарував нешто на интернет, ми излезе некоја линија EverPure oд L'Oreal, но го немам сретнато шампонов овде.
После короната косата не што почна да ми паѓа во пластови туку одеднаш ми стана шкрта (незнам како да го кашам тоа - она кога ти шушка меѓу прсти) сува и како јамболија. Не ја фарбам, ја третирам со маски. престана да ми паѓа од капсули, но неможам да ја опраам со сувост. Дали некоја имала ваков проблем и како го решила. (маска са коса, шампон...)
Користам од скоро шампон на алверде(на сликата). Чудно ми е тоа што ми се јавува како благо пецкање на скалпот, но немам црвенило ни брунчиња за да речам дека ми прави иритација. Дали некој има ваква реакција од шампоните на алверде??
Јас имам кпристено четири различни видови на шапони на Алверде исто и регенератори ама сум немала реакција. Конкретно овај шампон го немам пробано. Ги користев хербал, коприва, тој со кафе и зелениот машкиот. Од последните два сум презадоволна конкретно против опаѓање на коса.
После пораѓај го користев демек да не ставам многу хемија, не знам какви очекувања имаш, ако немаш проблематична коса (сува, третирана со фарби, испукани врвови..) пробај го @Guns N` Roses го имам користено шампонот баш таа линија, како и неколку други од истата марка, од ниту еден не ми се појавило некоја лоша реакција, така да мислам дека некоја состојка ти прави проблем
@elimkd Извини што ќе се вмешам ама баш овај шампон има хемија. Јас исто едно време решив да користам само козметика со помалку хемија, дезодоранси без алуминиум и слично и се убив од анализирање и читање по интернет за на крај да сфатам дека само органски шампон може да нема хемија. Моментално користам се од Алверде тие ми се испитани по состав и тие ми се најдостапни. Значи буквално ако зборуваме за состав кај нив нема утка. Е сега косата измиена со органски шампон не може да биде убава како коса измиена со шампон со хемикалии. Истото важи и со останатите аррикли. Ама мене на пример ми е побитно да е природно.
Јас ги користев до скоро на Афродита наизменично шампонот од коприва и шампонот од лук, косата ми стана преубава од нив, особено од тој од коприва. Сага сакав да сменам малку затоа што долго време ги користев и го земав тој на алверде, ама најверојатно повторно ќе се вратам на нив. Само со нив обавезно користи и маска, затоа што ја прават косата по остра некако.
Предлози од мене за шампони и регенератор, овој од балеа од јаболко на периоди го користам. Имам густа коса и порано ми беше крута..... сега ми е мека и преубаваа, лесно ми се расчешлува, а ја пеглам 1-2 пати неделно и не ми е оштетена
Па и тие хемикалии даваат само моментален ефект и никако траен. не сум прочитала искрено состав на шампонот, само Афродита во моментот ме асоцирало на не многу хемија и агресивност.
Јас го користам и до сега не сум имала проблем. Смени го изгледа некоја состојка не ти одговара, не треба да те пецка