На маж ми најмногу му помага од камилица на Конопка шампонот, против првут е, нема врска машки, женски.
Јас го имам користено шампонот, не само што не приметив побрзо да расте и да се згусти косата туку и ми ја исуши страшно уште неможам да ја оправам
Женски препорачајте ми некој шампон, имам мрсна коса ама вака не ми е оштетена, ми паѓа нормално не многу. Имав пробано на алверде ама како тесто ми се правеше едвај ја чешлав. Сега користам на балеа professional тие во туба што се, читав дека имаат океј состојки ама долго време го користам па сакам да сменам. Не знам дали да му дадам шанса на алверде пак. Може и од yves rocher некој само да не се скапи многу Исто така ме интересира еве конкретно за гарниер, какви се тие лоши состојки што ги има и што и прават на косата? Имам читано баш за тој бренд.
Според мене користи си некој што би ти одговарал, јас колку органски и со добри состојки имам користено за мрсна коса што се, ама 99% од нив косата ми ја заплеткуваат, сушат и мора секогаш маска да користам. Можеш тој на Др.Конопка со рузмарин да го пробаш. Или доколку сакаш на Гарниер Или
Го пробав, во саботата дента ја миев косата, вчера ја пеглав ја средував бев и на свадба се потев, еве денес уште не ми е мрсна. Тоа е премија за мене со оглед на тоа дека за еден ден веќе ми е мрсна над ушите, сега за сега сум задоволна. Ќе видиме понатаму
Добро само мене ли не ми одговара ниту еден шампон од Белина. Не знам више каков се не купив ајде нели органски ама како немиена ми е косава. Па и дека не пенат по пола шампон мислам дека употребувам на миење. Дали јас не знам да ги користам правилно или што е проб стварно не знам.
Исто, косата ми е никаква. Ни се чешла, ни се фаќа, а имам природнл мека коса која нема проблем со расчешлување. Јас се откажав, си се вратив на класика шампони.
Изгледа и јас истото ќе го направам. Ќе видам со фризерката што ќе ми предложи. Пред некој ден ја земав и маската што ја зборевте со кавијар, не може да дојде до израз од шампонот Катастрофа. Уште денес мењам шампон.
Само Lavera шампоните ми се така поокеј, не се како што сакам ама се јаде некако. Од другото, ништо, џабе фрлени пари. Мене ми нема подобар шампон од овие два на Алверде, наизменично ги користам. И тој со авокадо го имам користено, со виолетово капаче е. Најчесто го земам после одмор кога косата ми е посува, инаку онака ми е малку потежок.
@Mishela Истите два ги користам и јас плус машкиот кој е предобар за мрсна коса. А овај со кофеин е одличен против опаѓање. @La-loca Од Белина не сум пробала шампон, ама сите природни шампони би требало да прават помалку пена. Јас овие од Алверде ги користам и два пати ја мијам косата со шампон на капење, вториот пат доволно ми се прави пена, а имам мрсна коса на коренот.
Мене па овој на Алверде со кофеин ми е ужасен. И тоа благо речено, не сум користела полош шампон. Ко тесто ми ја направи, ко немиена, па и не ми се чешла, џабе маски и масла после миење. Првиот пат кога го користев, ај реков можеби така прави оти е за масна коса, ама вториот пат веќе ужасно ми беше и го баталив, така ми стои. Па си се вратив на омилените Конопка шампони.
Уф, Конопка еднаш и никогаш повеќе. Косата не ми изгледала полошо во живот, тешка и сплескана ко немиена, скалпот масен. Ништо не ми одговара од нив, одамна ги заобиколувам. Само Лавера ми беа некоја нијанса поокеј. Инаку, баш игра на среќа е практично со сè што користиме. Мене Алверде шампоните ми се одлични, едни од малкуте кои не ми прават реакција на скалпот и навистина сум задоволна како ми изгледа косата. Сè што им е од линиите за коса и тело ми одговара, декоративата и останатото воопшто не ми се свиѓаа. Ама шампоните дефинитивно се покажаа како полн погодок за мојата коса. А и не се нешто скапи, полесно ќе се преболат тие 139 денари ако треба да се фрли.
Дали ги имаш на Натура Сиберика пробано, во зелено шише, не знам за каков скалп ти треба, тие најмногу ми се допаднаа, и на Конопка ми се убави, само некако ми се презасити косата од нив, на пауза сум од нив. Од Белина најкатастрофа шампон ми е од Леврана, косата како тесто ми е од него, а мирисот да не зборувам, буквално стомак ми се превртува од него и го баталив.
Може ли да ми препорачате шампон кој поттикнува раст на нова коса и за масен скалп ве молам , до сега се што имам пробано за еден ипол ден косата ми е масна и имам многу првут , а не сакам да ја мијам 4 пати неделно не е воопшто здраво .Помош.